20 Мај, 2025
0.0265

АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ОДИ“ ВО ИСТОРИЈА: вработените не остануваат на улица - еве кои други ќе бидат „под капата“ на Министерството

Објавено во: Економија 10 Јули, 2024 12:13

Добивај вести на Viber

Агенцијата за енергетика наскоро ќе престане да постои, согласно предлогот на неколку пратеници за престанување на важењето на оваа институција. Предлогот на Бојан Стоајноски, Дафина Стојаноска, Драгана Бојковска, Ели Панова и Марија Митева е надлежностите на Агенција да се пренесат на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Оваа институција во иднина ќе подготовува среднорочни и долгорочни стратегии и развојни планови и програми. Исто така и грижата за енергетска ефикасност и користење обновливи енергетски извори ќе ја преземе новото министерство, заедно со активности за инвестициони проекти, а ќе бидат надлежни и за регионална соработка...

Планот е опремата, инвентарот, архивата, документацијата, средствата за работа и другите средства на Агенција за енергетика да се пренесат на Министерството на денот на влегување во сила на овој закон. Истото ќе се случи и со вработените.

-  Вработените од Агенција за енергетика се преземааат во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини согласно актите за организација и систематизација. Со влегување во сила на овој закон престанува мандатот на директорот и членовите на Управниот одбор на Агенцијата. Договорите за вработување на определено време, авторските договори и договорите на дело склучени до денот на влегување во сила на овој закон, со денот на влегување во сила на овој закон престануваат да важат – се нагласува во законот кој ќе се применува по објава во Службен весник.

Но, покрај оваа измена, во Собранието на предлог на истите пратеници доставени се повеќе законски измени, поврзани со формирањето на новото министерство кое ќе го раководи Сања Божиновска.

Па така, под „капата“ на ова министерство ќе влезе грижата за нафтените резерви, за што ќе биде именуван директорот на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви по претходна согласност на Министерството. Меѓу неговите надлежностите ќе бидат и ингеренциите за контрола на предметите од скапоцени метали, нивниот состав и содржина (финост), начинот на нивното испитување, жигосување, условите за пуштање во промет и надзорот.

Државниот инспекторат за техничка инспекција ќе се трансформриа во Државен инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини како орган во состав на Министерството за енергетика. Исто така и Геолошкиот завод на Република Македонија, како и Бирото за метрологија ќе преминат под ингеренциите на новоформираното Министерството.

Во негови ингеренции ќе бидат и надлежностите за миниералните суровини.

-  Со Законот за минерални суровини се уредуваат: условите и начинот на вршење геолошки истражувања, поттикнувањето и унапредувањето на геолошките истражувања со цел да се обезбеди нивна оптимална искористеност во согласност со начелата на одржлив развој и заштита на животната средина,поттикнувањето и унапредувањето на експлоатацијата на минералните суровини... – се нагласува во измените на Законот за минерални суровини доставен во собрание согласно кое сега овие надлежности исто така се под Министерството за енергетика.

П.О.

Фото: Фактор/Архива

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме

МИЦКОСКИ: Имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме

Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

РАБОТНО ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ СТУДЕНТИ, ПЕНЗИОНЕРИ, СТРАНЦИ: Eве под кои услови...

РАБОТНО ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ СТУДЕНТИ, ПЕНЗИОНЕРИ, СТРАНЦИ: Eве под кои услови...

ПРЕМИЕРОТ Е ОПТИМИСТ: Колкав раст на БДП очекува?

ПРЕМИЕРОТ Е ОПТИМИСТ: Колкав раст на БДП очекува?

ПЛУС 1.200 ДЕНАРИ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО: ССМ објави колку чини минималната кошничка

ПЛУС 1.200 ДЕНАРИ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО: ССМ објави колку чини минималната кошничка

ДИМИТРИЕВСКА КОЧОВСКА ОБЈАСНИ КАКО И ПО КОЈА КАМАТА ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД БРИТАНСКИОТ ЗАЕМ - ова се деталите

ДИМИТРИЕВСКА КОЧОВСКА ОБЈАСНИ КАКО И ПО КОЈА КАМАТА ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД БРИТАНСКИОТ ЗАЕМ - ова се деталите

Фактор анализа ПРИЛЕП 2024: Снаодливи на Итар Пејо, ербапи на „Крале Марко“! Кои се прилепчаните што лани направија најголеми профити?

Фактор анализа ПРИЛЕП 2024: Снаодливи на Итар Пејо, ербапи на „Крале Марко“! Кои се прилепчаните што лани направија најголеми профити?

ЗАРА НИКОГАШ НЕ ГО НАПУШТИ РУСКИОТ ПАЗАР, СКРОИ СОВРШЕН ПЛАН: Западните компании на разни начини ја оставија вратата на Русија за враќање

ЗАРА НИКОГАШ НЕ ГО НАПУШТИ РУСКИОТ ПАЗАР, СКРОИ СОВРШЕН ПЛАН: Западните компании на разни начини ја оставија вратата на Русија за враќање

НАЈРАДИКАЛНИ МЕРКИ ВОВЕДУВА „НИСАН“ – ПРЕДВРЕМЕ ЌЕ ПЕНЗИОНИРА, ОТПУШТА 20.000 ЛУЃЕ: Има загуба од над четири милијарди долари во 2024 година

НАЈРАДИКАЛНИ МЕРКИ ВОВЕДУВА „НИСАН“ – ПРЕДВРЕМЕ ЌЕ ПЕНЗИОНИРА, ОТПУШТА 20.000 ЛУЃЕ: Има загуба од над четири милијарди долари во 2024 година