ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години
Објавено во: Економија 22 Октомври, 2024
Економијата во Газа назадува до ниво од пред 70 години поради војната со Израел.
Војната ја уништи палестинската економија, која сега е 35 проценти помала отколку што беше на почетокот на израелската инвазија пред една година, додека нивото на развој во самата Газа падна на ниво на средината на минатиот век, oбјави агенцијата за развој на ОН.
Читосе Ногучи од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објасни дека според некои мерки нивото на сиромаштија во регионот сега се приближува до 100 проценти, со невработеност од 80 проценти.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.