05 Декември, 2025
0.1468

Агенција за храна: На македонскиот пазар нема млеко од „Дукат“ и „Виндија“

Објавено во: Агробизнис 09 Февруари, 2013 14:54

Добивај вести на Viber

На македонскиот пазар нема млеко од трговските марки „Дукат“ и „Виндија“ за кои хрватските ветеринарни власти изразиле сомневање дека има зголемена концентрација на афлатоксин М1, соопшти дека Агенцијата за храна и ветеринарство.

- Од спорните шаржи, кај нас се увезени само 360 литри од трајното млеко „Лагано јутро“, кои досега не се пуштени во промет, а за кои по направените инспекциски контроли и земените мостри за анализа од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, на операторите со храна им е издадена наредба за забрана за пуштање во промет. Спорните количини млеко на нашиот пазар се увезени со ветеринарен сертификат и сертификат за квалитет издадени од надлежни служби, се наведува во соопштението.

Агенцијата за храна и ветеринарство извршила дополнителни контроли на пазарот, особено во компаниите увозници на млеко од овие производители, а оствариле и контакт со ветеринарните власти од Република Хрватска.

Од Агенцијата истакнуваат дека и натаму ќе ја следат состојбата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?