Добивај вести на Viber
Вкупно 9,6 милиони евра вреди опремата која Агенцијата за електронски комуникации ја набавила од американската компанија ТЦИ Интернешнал.Како што пишува во објаснувањето на Бирото за јавни набавки, станува збор за софистицирана мерна електронска опрема, односно интегриран систем за мониторинг на радиофрекфенциите.
Иако имало три понудувачи, Агенцијата ја одбрала економски најповолната понуда на американската компанија.
Пред само неколку дена, Агенцијата склучи уште договор со Гранит вреден 360 илјади евра за допополнителни работи на новата зграда на Агенција кои не биле предвидени со основниот договор, кој пак чинеше 8, 4 милиони евра.