02 Декември, 2024
0.0246

Агенцијата за храна најави засилени контроли, ќе се испитува секоја увезена пратка млеко

Објавено во: Агробизнис 19 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најави засилени контроли на сите количини на млеко и преработки од млеко кои се увезуваат во земјава. Дополнителни контроли за авентуално присуство на афлатоксин ќе се спроведат и кај домашните преработувачи на млеко „Врз основа на информациите дека е можно присуство на афлатоксини и во млекото и преработките од млеко по потекло од земји членки на Европската Унија, по минатонеделното решение за задолжително испитување на афлатоксини во млекото и преработките од млеко кои се увезуваат од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и од Косово, Агенцијата за храна и ветеринарство, издаде решение за задолжително земање на мостри за лабораториско испитување на афлатоксини во целокупните количини млеко и преработки од млеко кои се увезуваат во земјава“ информираат од АХВ. Според Агенцијата, до добивање на резултатите од анализите на мострите, млекото и преработките од млеко кои се увезуваат ќе бидат складирани кај увозниците, односно, нема да се пуштат во промет се додека за нив не се добијат позитивни резултати дека се безбедни. „Доколку анализите потврдат присуство на афлатоксини над дозволеното, увезените количини млеко и преработки од млеко со наредба на Агенцијата ќе бидат уништени“ велат од АХВ. Засилени се контролите на фамите, во преработувачките капацитети, како и на домашниот пазар. „Производството на млеко во државава е под постојан мониторинг на Агенцијата за храна и ветеринарство, преку спроведување на Националниот мониторинг план за контрола на резидуи од ветеринарно медицински препарати и контаминенти кај живите животни и производите од животинско потекло во  Македонија, кој е одобрен од Европската Комисија“ информираат од АХВ. Минатата година врз основа на овој мониторинг план, испитани се 81 мостри од сурово млеко, земени од различни фарми во државава. Според добиените резултати, ниту во една мостра не е утврдено присуство на афлатоксин.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.