05 Декември, 2025
0.0553

АХВ: Има зголемено присуство на токсини во млекото на Дукат

Објавено во: Агробизнис 17 Февруари, 2013 11:32

Добивај вести на Viber

Лабораториските испитувања спроведени во Македонија на производите на хрватски „Дукат“ потврдија дека во млекото „Лагано јутро“  има зголемено присуство на афлатоксин М1. Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринaрство, добиените резултати од лабораториските испитувања спроведени од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдија зголемено присуство на афлатоксинот М1 со просечна вредност од 0,152 микрограми на килограм. Станува збор за анализираните мостри од 360 литри трајно млеко од овој бренд, кои се наоѓаат под надзор во магацините на увозникот, односно кои не се пуштени во промет. Овие количини, како што стои во соопштението, со наредба на Агенцијата ќе бидат нештетно уништени. Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со вршење засилени инспекциски контроли на домашниот пазар, како и со задолжително испитување на афлатоксини при увоз на млеко и производи од млеко.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?