АИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАМЕНИ АДВОКАТИТЕ, ЗОШТО НЕ МОЖЕ ДА ГО НОСИ СУДИЈАТА НА РУЧЕК: Но АИ ќе ги замени приправниците - адвокатот Јанаки со не толку добри прогнози
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2025
Вештачката интелигенција според адвокатот Јанаки Митровски, не може да ги замени адвокатите, но и тоа како може да ги замени приправниците.
„Вештачката интелигенција може да замени приправници, но не може да замени адвокати. Постојат законски пречки, затоа што никогаш нема да може компјутер да решава на суд, а може многу, многу да ја намали потребата, ако не и скроз да ја исклучи потребата за приправници. Значи, пронајди ми го овој закон, овие одредби, искуцај ми поднесок, во таа смисла да. Веројатно и се ќе оди натака, меѓутоа, во адвокатура не, затоа што вештачката интелигенција не може да го носи судијата на ручек , вели низ смеење тој.