18 Јануари, 2025
0.0750

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изврши вонредни инспекциски надзори во врска со починатото дете Н.А. од село Пеширово, Општина Свети Николе. Инспекцискиот надзор за смртта на деветгодишното дете е извршен почнувајќи од матичниот лекар во Свети Николе, потоа во Клиничка болница-Штип и во Клиниката за детски болести во Скопје, каде што и почина. Според инспекцискиот надзор, нема констатирано недостатоци трите институции. Инспекторите по надзорот утврдиле дека  деветгодишното дете Н.А. со матичен доктор било прикрепено во ПЗУ Д-р Оливер, Свети Николе. Во ординацијата годинава прв пат се јавува на 14.01.2025 година заради болки во стомакот и повраќање, кашлање, висока температура (39 степени) и неспиење претдходниот ден.

-При преглед детето било поспано, афебрилно, без убедливи знаци за дехидратација. Направени му се лабораториски испитувања по што дадена му е инфузиона терапија во тек на која кај детето настапува сомнолентност со слаба реакција на говор заради што е упатено во ЈЗУ Клиничка болница Штип, се вели во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Според извешатјот на ДСЗИ, во штипската Клиничка болница детето е донесено со такси возило, примено е попладнето околу 18 часот, прегледано е од дежурниот доктор при што е поставена дијагноза сомноленција.

МИА и претходно информираше дека  во Клиничка болница-Штип, повторно му се извршени лабораториски испитувања и дополнително КТМ на глава. Заради општата лоша здравствена состојба како и наодите од лабораториските испитувања и КТМ, детето во придружба на медицинска екипа (доктор, сестра) со болничко возило транспортирано е во Клиниката за детски болести во Скопје.

- Во ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести-Скопје , детето Н.А. е донесено на 14.01.2025 година во 20:25 часот како итен случај со дијагноза сомноленција по претходна најава и договор за прием со дежурен доктор од Одделот за неврологија на Клиниката. На прием детето е во општа тешка состојба поради што веднаш е започната со рехидратација и корекции на биохемиски параметри. Во 22:25 часа има дополнително влошување со респираторен и кардиак аррест, започната е реанимација во тек на која е симнато на ОИНТ за понатамошен третман. Состојбата на детето и понатаму се влошува и покрај сите пропратни интервенции, реанимацијата не е прифатена и во 23.30 часот настапува егзитус, се вели во извешатјот на ДСЗИ.

Од извршените вонредни инспекциски надзори во наведените здравствени установи каде починатото деветгодишно дете било лекувано, Државниот санитарен и здравствен инспекторат согласно своите надлежности не констатираше недостатоци. 


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача

ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача

АВТОБУС НА ЈСП ПРЕГАЗИ ПЕШАК: Човекот е во животозагрозувачка состојба

АВТОБУС НА ЈСП ПРЕГАЗИ ПЕШАК: Човекот е во животозагрозувачка состојба

АИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАМЕНИ АДВОКАТИТЕ, ЗОШТО НЕ МОЖЕ ДА ГО НОСИ СУДИЈАТА НА РУЧЕК: Но АИ ќе ги замени приправниците - адвокатот Јанаки со не толку добри прогнози

АИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАМЕНИ АДВОКАТИТЕ, ЗОШТО НЕ МОЖЕ ДА ГО НОСИ СУДИЈАТА НА РУЧЕК: Но АИ ќе ги замени приправниците - адвокатот Јанаки со не толку добри прогнози

„НЕЛИ ИМАТЕ СИГУРНО МНОЗИНСТВО? ТЕРАЈТЕ, ЗАЕДНО СО ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ“: Ванковска распали за пратениците на „Знам“

„НЕЛИ ИМАТЕ СИГУРНО МНОЗИНСТВО? ТЕРАЈТЕ, ЗАЕДНО СО ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ“: Ванковска распали за пратениците на „Знам“

„СДСМ НЕПОТРЕБНО ГО ПРЕИМЕНУВА АВТОПАТОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЈАТЕЛСТВО“: Груевски кажа зошто ги именувал автопатите така како што ги именувал

„СДСМ НЕПОТРЕБНО ГО ПРЕИМЕНУВА АВТОПАТОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЈАТЕЛСТВО“: Груевски кажа зошто ги именувал автопатите така како што ги именувал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ