ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2025
ПОЧИНАА БЕБИЊА БЛИЗНАЦИ ВО ПРИЛЕП
Прилепската болница денеска информира дека бебињата близнаци, кои вчера починаа а беа стари само 20 дена, биле пронајдени премрзнати. Оттаму додаваат дека по приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција.
„На 30.12.2024 година, во нашата установа, мајка родена во 2001 година, во својата четврта бременост (близначка), се породи спонтано. Близначињата се недоносени, родени во 34-та гестациска недела. Првото новороденче, машко, е со родилна тежина од 1970 грама, а второто, женско, со тежина од 1780 грама. На 10.01.2025 година, по барање на мајката и со нејзин потпис, новороденчињата се испишани од болницата. На 16.01.2025 година, во 10:45 часот, на одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според достапните информации, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина“, се наведува во соопштението од болницата.ПУШТЕНА Е ВО УПОТРЕБА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА КУМАНОВО-БЕЉАКОВЦЕ
Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри во вредност од над 78 милиони евра.
„Но, она што преставува една важна симболика е што изградбата на оваа пруга преставува и еден синоним за победа над една неуспешна и криминална транзиција и победа над сите лажни ветувања за градбата на оваа пруга, која постојано беше ветувана, не само во деведесеттите години, туку и две и половина децении потоа. Последниот воз кој се обратил на овие правци е далечната 1996 година и практично нејзината изградба стана мит за лагите и неуспесите на, за жал на, многу Влади потоа. Речиси 28 години потоа, еве на еден убав настан, каде сме сведоци на пуштањето во употреба да модерна железница, важен сегмент на Коридорот 8“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
На некој начин, во изградбата на оваа пруга беше вклучена Европската Унија во мало, односно дел од средствата беа обезбедени од ЕУ и ЕБОР, а во сегменти на оваа пруга преку свои активности учествува и компании од Италија, Словенија, Австрија и други европски држави.КРИТИКИ ЗА ВИСИНАТА НА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ
Од политичката партија „Левица“ денеска со нова реакција на трошоиците кои ги издвојува Собранието за плаќање на познатите „патни трошоци“ за пратениците.
- Неразумното расфрлање со народни пари од пратениците во име на патни трошоци продолжува. За удобно патување на претставниците во законодавниот дом од народни пари е платено 300.000 евра за изминатата 2024 година, односно околу 280.000 евра е потрошено за претходната 2023 година - пишува во соопштението на „Левица“.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Берзата го објави својот годишен Билтен за минатата година, а од него, меѓу другото, може да се види кои акции доживеале најголем раст во периодот јануари-декември 2024 година, а чија вредност најмногу се намалила.