ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2025
Заменик министерот за надворешни работи и поранешен новинар и уредник, Зоран Димитровски, вчера присуствуваше на средбата на министрите за надворешни работи на Југоисточна Европа, на која тие изразија поддршка за Украина и нејзината праведна борба против бруталната руска агресија.
Во рамки на посетата, тој оствари куса средба со претседателот на Украина, Володомир Зеленски.
„Во кусата средба на министрите од Југоисточна Европа, на претседателот Володимир Зеленски му ја пренесов поддршката на Македонија за што поскоро постигнување праведен мир во Украина, сестран развој на билатералните односи и заедничка интеграција во ЕУ“, напиша тој на социјалните мрежи.