06 Декември, 2025
0.0291

AI Tech Summit 2025 во Скопје – Место за практична иновација, трансформација и глобална експертиза

Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2025 10:09

Добивај вести на Viber



Скопје, 24 септември 2025 г. – Од 30 септември до 1 октомври, во Националната опера и балет во Скопје, ќе се одржи третото издание на “AI Tech Summit 2025”, регионалниот водечки настан за вештачка интелигенција, оваа година посветен на идејниот творец Филип Аврамчев.

Главни теми и фокусот на програмата

На самитот ќе се дискутира за примената на вештачката интелигенција во индустрии како здравство, финансии, производство, спорт и малопродажба, а вниманието ќе биде насочено кон:

  • Практични примери и реална вредност – иновативни алатки, решенија и пристапи кои веќе функционираат во дигиталната трансформација.
  • Автоматика и AIOps – стратегии за примена на автономни агенти и интелигентни оперативни решенија.
  • Генеративна AI и специфични индустриски примени – од биоинженеринг до гејминг, со акцент на следењето на трендовите и имплементацијата на терен.

Говорници – глобални експерти и регионални лидери

На сцената ќе се појават реномирани експерти и лидери кои ќе ги споделат своите осврти, искуства и визии:

  • Претставници од IBM, AWS, KMPG, Salesforce, SAP, Microsoft – говорници чии теми ќе го претстават ширењето на AI во бизнисот и различните индустрии.
  • Двајца претставници од FC Barcelona – ќе зборуваат за тоа како клубот користи вештачка интелигенција за анализа на податоци, оптимизација на тренинг процесите и подобрување на искуството на навивачите.
  • Претставници од академската и научната заедница – ќе ги презентираат најновите достигнувања и решенија во сферата на AI во медицината.

Она што е особено интересно оваа година, е тоа што на самитот ќе зборуваат и неколку македонски AI професионалци, кои работат во светски реномирани коимпании, и кои ќе го споделат своето искуство за софистицираните AI технологии и както тие го менуваат модерното секојдневие.

Зошто е важен овој самит?

  • Фокус на примена и резултати –преку едукативни и практични сесии за реализација на AI проекти.
  • Разговори со лидери од индустријата – директен увид во AI трендовите и примена низ примерите на врвни компании.
  • Интердисциплинарна платформа – од технологија и биоинженеринг до спорт, гејминг и финансии.

Станувајќи дел од AI Tech Summit 2025, учесниците добиваат директен пристап до глобалните AI трендови, практични примери за имплементација и експертиза од водечките играчи во индустријата, а во исто време имаат можност за вмрежување со претставници на компании кои ја вреднуваат и применуваат вештачката интелегенција во своето работење.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј