Ајхенгрин:Кризата во еврозоната ќе се разгори во 2013 година
Објавено во: Свет 26 Јануари, 2013 19:03
Кризата во еврозоната не е близу крајот, смета еден од водечките американски економисти и професор на Беркли, Бери Ајхенгрин.
Тој предупредува дека должничката криза многу лесно може повторно да се разгори доколку лидерите не го забрзаат решавањето на проблемите.
Во интервју за американски медиуми тој вели дека иако европските влади и пазари „полесно дишат изминатите месеци, сега не е време за опуштање“.
– Ништо не е решено во еврозоната каде пазарите преминаа од неоправдан песимизам кон неоправдан оптимизам, изјави Ајхенгрин.
Притоа предупредува дека кризата за преголемите долгови на државите и банките во зоната на еврото ќе се влошат во 2013 година.
– Ниту еден од основните проблеми не е решен. Нема економски раст во Европа. Дури и Германија е на раб на рецесија. Банкарска унија не постои. Работата врз неа дури и назадува во однос на минатата година и пазарите во одреден момент ќе загубат трпение и повторно ќе има криза, смета економистот кој изјавите ги даде во Давос.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




