Ајкула од 220 сантиметри уловена во Црна Гора
Објавено во: Балкан 09 Август, 2017 18:53
Ајкула од 220 сантиметри вчера е уловена кај островот Света Недела, во близина на Будва, Црна Гора, пишува белградски „Блиц“.
Фотографиите од ајкулата објавени на социјалните мрежи веднаш привлекоа внимание. Станува збор за сина ајкула или модруљ, како што е позната на Јадранот.
Таа не претставува закана за луѓето и покрај својата големина затоа што обично се храни со лигњи. Модруљот живее на отворено море, но може да се види и во близина на крајбрежјето. Се населува во Средоземното Море, но и во Атлантскиот Океан преку европското крајбрежје на северот на Норвешка. Експертите велат дека во многу ретки случаи може да биде опасна и за луѓето, пренесува „Блиц“.

Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




