09 Октомври, 2024
0.0304

Академци со соопштение: Македонската историја официјално би започнала од 1945

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber


Академците Катица Ќулавкова, Витомир Митевски, Зузана Тополињска, Ѓорги Поп Атанасов, Вера Битракова Грозданова, Ратко Јанев, како и од дописните членови на Академијата Марјан Марковиќ, Сашко Кедев и Александар Димовски, како издвоена група членови на МАНУ упатија соопштение дека договорите на Македонија со соседите, особено со Бугарија, водат кон тоа официјалната историја на земјата да започнува од 1945.

- Постојат индиции дека со Договорот со Бугарија се актуализира негацијата на правото на македонскиот народ на средновековната и нововековната историја. Како резултат на таквите политики, македонската историја официјално би започнала дури од 1945 година. Македонскиот идентитет е богат, тој не се исцрпува со овие историски личности, но никој нема право да ја негира нивната историска улога во повеќевековната борба за конституирање на автономна македонска држава. Чувствителноста спрема историската фактографија главно произлегува од политичките концепти, но се рефлектира и врз научните, особено кога инсистира врз политичка коректност, гласи соопштението на овие академски членови.

Од таму велат дека поимот Македонија не смее да се сведе на географски поим бидејќи ја имплицира опасната теза дека македонскиот идентитет е политички конструиран по Втората светска војна. 

- Систематското осуетување на македонската државна автономија во 19 век не е знак за неоформен македонски идентитет, туку последица на регионални, балкански и пошироки европски геополитички интереси. Таквиот пристап не е европска вредност. Европската цивилизација почитува, а не негира идентитети, подразбира плуралност и инклузивност во толкувањето на историјата, а не негација и присвојување на туѓата историја. Неопходно е да се почитуваат научно легитимните методи на толкување на споделените историски настани и на историските факти во рамки на дадените историски околности, со цел да се избегне ексклузивниот однос спрема историјата, однос кој резултира со екстензивно и нетолерантно присвојување историјата, велат тие.

Сметаат дека научната расправа околу националната и културната историја на Македонците и на Бугарите треба да се води непристрасно и независно од владејачките политички платформи, а не под нивно влијание.

„Во таа смисла, функцијата на билатералната македонско-бугарска Комисија не се состои во тоа да ги затвори, во експресен рок, отворените прашања, ниту да биде политички коректна алатка на актуелната власт во двете држави. Политичките матрици во двете држави се менувале радикално во текот на 20-от век, па Комисијата нема мандат да настапува селективно и прагматично-политички спрема тие матрици, ниту да прави ревизија на востановениот идентитетски наратив на македонскиот народ. И Цар Самоил, и Гоце Делчев, како и многу други историски личности кои живееле во специфични општествени констелации се неотуѓив дел од македонската колективна меморија и од македонскиот државотворен наратив. Ставовите на оваа Комисија треба да бидат засновани врз мултидисциплинарни научни експертизи, што значи дека треба да се создадат услови за долгорочни и специјализирани научноистражувачки дијалози“, гласи ставот на оваа група.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл