Акционери имаат на располагање 21,6 милиони евра! Ќе има ли дивиденда?
Објавено во: Економија 13 Април, 2020
Цементарница УСЈЕ е една од најуспешните домашни компании, а годинава на располагање на акционерите се ставени 21,6 милиони евра со можност да бидат распределени како дивиденда. Ако се одлучат, дивидендата ќе биде 2.360 денари бруто по акција што е 56 отсто повеќе од 2018 година!
Акционерите на скопската Цементарница УСЈЕ ќе одлучат дали ќе одобрат поделба на дивиденда во износ од 21,6 милиони евра на претстојното акционерско собрание закажано за 8 мај годинава. Според мислењето што го дале членовите на Одборот на директори на УСЈЕ , заради тоа што во актуелната вонредна состојба не можат да дадат предлог за дивиденда заради состојбата со коронавирусот, и кое е објавено на интернет страницата на Македонската берза компанијата има 21,6 милиони евра добивка која е расположлива и може да се подели како дивиденда.
За оваа точка на следното акционерско собрание ќе рискутираат акционерите на УСЈЕ. Суштински одлуката ќе ја донесе претставникот на најголемиот акционер „Титан Цементс Нидерландс Б.В“ кој поседува 94,8 отсто од акциите со право на глас во една од најуспешните македонски компании. Доколку биде одлучено да се подели дивиденда , повеќе од 220 домашни акционери кои поседуваат 4,7 отсто од акциите меѓусебно ќе поделат бруто износ на дивиденда од околу 865.000 евра.
Во своето мислење до акционерите членовите на Одборот на директори на УСЈЕ пишуваат дека заради коронавирусот не можат да предвидат како ќе се развива состојбата и заради тоа даваат мислење, а не предлог, со кое информираат дека компанијата може да додели дивиденда во бруто износ од 2.360 денари по акција, односно во вкупен износ од 21,6 милиони евра. Од тоа најголем дел е од добивката за 2019 година и тоа 18,2 милиони евра. Останатите 3, 4 милиони евра се обезбедени од реинвестирана добивка од 2014 година и од неискористена реинвестирана добивка за 2018 година.
Доколку акционерите одлучат за поделба на дивиденда таа по одбитокот на персоналниот данок од доход ќе изнесуват 2.006 денари за акција и тоа на последната пазарна цена е принос од 7,6 отсто што е еден од највисоките во споредба со другите дивидендни акции кои се тргуваат на нашиот пазар на капитал. Ако се одлучат за поделба на дивиденда последниот ден со право на дивиденда би бил 22 мај, а исплатата би се реализирала најдоцна до крај на септември согласно со Законот за трговски друштва.
УСЈЕ е една од најуспешните македонски компании која е дел од групацијата „Титан“ еден од најголемите производители на цемент во Европа. Добивката по оданочување за лани на УСЈЕ изнесува 20,7 милиони евра и е поголема за 22 отсто од 2018 година. Оваа добивка е остварена од приходи од продажба кои изнесуваат 77,9 милиони евра и во споредба со 2018 година се повисоки за 8 отсто. УСЈЕ е компанија што во континуитет дели дивиденда и годинава ако се подели таа ќе биде значајно зголемена во споредба со лани кога изнесувата 25 евра за акција.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.