23 Ноември, 2024
0.0491

Газдите текстилци бараат подолго работно време: Работниците ги плаќаме за осум часа, а работат седум ипол

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Текстилните работници да работат по 8 и пол часа, за да може паузата од половина час да им биде платена, бараат сопствениците на текстилните фабрики здружени во Текстилниот кластер. Во писмо кое го испратиле до министерките за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Нина Ангеловска, но и до вицепремиерот Кочо Анѓушев образложуваат дека сегашното работно време од осум часа односно од ефективни 7 и пол часа, како што велат, затоа што работниците имале и платена пауза, ги правеле фабриките неконкуретни во однос на тие од регионот. Се бара и да се укинат празници за да нема дисконтинуитет во производството односно работниците повеќе да работат. Газдите имаат и други барања, а овие ја запрепастија јавноста деновиве затоа што дури најавија и штрајк со кој сакаат да го изразат своето незадоволство од условите за водење бизнис во земјата. Тие тврдат дека има ниска продуктивност и дека државата декларативно се заложува за раст на платите кој генерално паѓал на грбот на работодавачите.

„Седум и пол часовното ефективно работно време со плус 30 минути платена пауза да се замени по примерот на сите европски земји во окружувањето со 8 часа ефективно работно време плус 30 минути латена пауза што значи вкупно 8 часа и 30 минути. Сегашниот начин на работно време не прави многу понеконкурентни во однос на опкружувањето, а нашиот предлог ќе отвори можност за директно покачување на платите како резултат на подолгото работно време од половина час, велат од кластерот.

Претседателката на Кластерот Маријана Перковска за Фактор вели дека на ваков начин работниците ќе извршуваат поголема норма, а дека такво работно време има и во сите други земји.

„Штрајкот беше само идеја и на свое имислење имаат право сите сопственици на фабриките. Сепак за тоа нема согласност од сите членки на кластерот. Она што е важно е што се согласуваме дека за нас не е проблем минималната плата, но дека таа треба да е нормирана, односно работниците да се плаќаат по учинок. Тоа што е за паузата е навистина проблем затоа што секаде работното време е подолго, а паузите се платени. Кај нас не може ништо да се постигне со ефективни седум и пол часа работа. И плус каде, во која земја има 22 празника. Никаде, вели Перковска.

Писмото до надлежните институции во кое се бара и ревидирањена списокот за празници, го испратиле пред шест дена. но засега немаат одговор. Бараат средба со министрите на која ќе им се соопшти дека се соочуваат со ниска продуктивност предизвикана од недостиг на стручен кадар. Бараат и промена на фиксниот курс на денарот во однос на еврото.

„Поради увозната ориентираност на државата и трговскиот дефицит, свесни сме дека напуштањето на ова политика ќе доведе до неконтролирана инфлација, но исто така сме сведоци на негативните ефекти врз извозните компании. Имено сите домашни трошоци односно платите, комуналиите се два или повеќе пати покачени во денарски износ, а девизниот прилив е ист. Поради тоа треба да се најде модус како извозниците да се поддржат бидејќи во моментот увозниците се во поповолна состојба, велат од Кластерот.

Според последните податоци во текстилната индустрија во земјава се вработени над 36.000 луѓе. 

Александра Томиќ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација