04 Декември, 2024
0.0304

АКО ИЗДРЖИТЕ ПОЛОВИНА ГОДИНА НА -60, ЌЕ ДОБИЕТЕ ДЕБЕЛА ПЛАТА: „Се е добро додека не ја отворите вратата“

Објавено во: Финансии, Свет 17 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Што го натерало автомеханичарот да го напушти Колорадо (САД) и да се упати кон Јужниот пол? Примамлива заработка, предизвик, авантура, љубопитност - по малку од се. Имено, Џеф Капс (33) од 2019 година веќе шест месеци работи на Јужниот пол, а за тоа добива околу 75.000 евра.

Тој се сеќава како еден пријател му кажал за можност за работа во поларната станица Амундсен-Скот на Јужниот пол, која е во сопственост на американската влада.

- Работев во автосалон како механичар. Еден ден, еден стар пријател дојде и рече дека им треба механичар за да работи на моторни санки на Јужниот пол. Си помислив - зошто да не?, вели Џеф.

Своите впечатоци, фотографии и искуства Американецот ги сподели на Инстаграм, а покрај добрата заработка и новиот предизвик се соочи со големи тешкотии: моментално се наоѓа на место каде температурите се спуштаат под -60 степени, а првата продавница е оддалечена илјадници километри.

Секако, во вакви ситуации тимот на стартот се снабдува со храна и потреби.

- Ова е како да живееш на голем брод. Работам таму долу од 2019 година, и таму ја запознав дури и мојата девојка Мишел, која работеше во кетеринг. Станицата ја нарекуваме наш вселенски брод. Од следната најблиска таква станица сме оддалечени повеќе од 1.000 километри, целосно сме изолирани, вели Џеф.

- Како да сте во убав хотел. Имаме одличен тим на готвачи. Внатре е собна температура и можете да се шетате во маица, објасни тој, откривајќи дека во моментов таму живеат вкупно околу 40 луѓе.

Сепак, се е добро додека не ја отворите вратата...

Џеф, всушност, често работи надвор на многу студено време, поправајќи возила. Еднаш, вели, работел на -76 степени, што го опишал како „надреално“.

- Човек би помислил дека веднаш ќе замрзнат до смрт, но тоа е сув воздух, па не е толку лош како што звучи. Најчудно е што никогаш не почувствував морници или мелење коски, а најлошото е што ако студот погоди кој било дел од кожата што не е покриен, добивате остра сензација како кожата да ви е прободена, објаснува овој автомеханичар од САД.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра