Ако излезе од ЕУ Британија ќе го наруши животниот стандард
Објавено во: Свет 30 Јануари, 2013 13:43
Нарушување на животниот стандард ќе предизвика излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, предупреди Мохамед ел-Ериан, раководител на „Пимко“, најголемиот фонд за обврзници во светот.
Според овој финансиски експерт, премиерот Дејвид Камерон „мора да има план Б, за да може да се амортизира ударот врз домашната економија и финансиите, што ќе се случи доколку Британците одлучат да ја напуштат ЕУ“.
Во авторски текст во списанието „Форчн“, Ел-Ериан вели дека британското заминување ќе остави простор за другите во Унијата да го пополнат местото на Велика Британија во големата европска тројка.
Предупредувањето на првиот човек на „Пимко“ доаѓа по минатонеделното најавување на Камерон дека сака нови преговори со Брисел околу идниот британски статус во ЕУ, како и дека ќе организира референдум околу членството на Велика Британија, доколку неговата Конзервативна партија победи на следните парламентарни избори, предвидени за мај 2015 година.
- Верувам дека ова ветување на Камерон има за цел да му донесе поени на домашната политичка сцена, затоа што ако таа намера навистина се реализира, тогаш Велика Британија ризикува опаѓање на нејзиниот економски раст, вели во „Форчн“, Мохамед ел-Ериан.
„Пимко“ е меѓу највлијателните инвестициски фондови, затоа што оперира со околу два билиона долари.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




