08 Јули, 2024
0.0303

„АКО НЕ, ПОВТОРНО ДА ЈА ВРАТИМЕ ГОСПОЖА КАТИЦА ЈАНЕВА НА СПЕЦИЈАЛНА МИСИЈА“? Актерот Јовановски им се обрати на амбасадорите

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Актерот Владо Јовановски со свое обраќање на фејсбук до амбасадорите во земјава.
Ако не пак, повторно да ја вратиме госпжа Катица Јанева на специјална мисија!?

А, господа амбасадори!?

Таа ја уживаше вашата поддршка и уважение, редно е да и се помогне на жената и да се рехабилитира.

Ако еднаш рекетирала, не значи дека ќе го повтори делото!

Така може од "втора мајка", да ја оправда вашата доверба, воедно и да ја исчисти "црната дамка", што ви ја нанесе, како на екселенции со нај добри намери.

Имам и друг предлог:

На местото на поранешниот државен јавен обвинител Јовевски, докажаниот "молчељубец", кој како да имаше земено "завет на молчание", во неговиот мандат, да ја поставиме госпоѓа Вилма Рускоска.

Докажаната обвинителка, можеби сега ќе покрене обвинение и за луѓето со качулки во собранието на 27 април, во тогашна Р.М. за кои тогаш никој не беше заинтересиран да дознае кои се' и зошто биле маскирани.?

Ако не тоа, тогаш, пак нас може да не собере, на повторено судење и наместо 300, овој пат да побара 600 години робија.

Плус, нејзините методи за притвор, некои од нас ги почувствувавме, некој од вас ги видовте, а отпосле сите ги слушнавме:

"Го фрлив таму и го заборавив! Го заборавив! Буквално го заборавив! Ха, ха, ха..."!

Се разбира ако тој глас беше нејзин!?

А, не бил глас на некој руски пранкер, кој глуми пијана обвинителка, која ужива во притворот на некој си, фрлен таму во кочината, наречена "Шутка".

Кој знае ... ?

Но, сето тоа треба да се расчисти.

Е сега, за судија во тоа обновено судење за терористичко загрозување, глупо е да ја враќаме госпоѓата Кацарска и да ја деградираме како уставна судијка, мачејки ја жената по стари години да седи по 13 - 14 часа на судење, 4 - 5 дена во неделата.

Тука ќе мора да се најде друг судија, друг кадар.

Некој кој е спремен и кадарен, после тоа судење, да се искачи и да се вивне до врвот на уставениот суд.

П.С.

Дали ако еден ден во нашава Македонија победи некоја екстремна десница и ако ја врати смртната пресуда во македонското судство (хипотетички).

Дали во таков случај ќе можеме самите да си ги одбереме џелатите кои ќе не обезглавуваат, или ќе ни бидат наметнати кадри, кои други ќе ни ги одберат!?“, напиша тој на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

МВР СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА „ПУКАЧОТ“: Претреси на три локации, задржано лице на информативен разговор

МВР СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА „ПУКАЧОТ“: Претреси на три локации, задржано лице на информативен разговор