СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА ПА СОЛУН: Брза пруга за брзо патување до Грција
Објавено во: Македонија, Балкан 06 Јули, 2024 16:00
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на почетокот на изградбата на железничката обиколница околу Ниш изјави дека за него и за Владата на Србија пругата Белград-Ниш е еден од најважните проекти, и нагласи дека ќе се разговара со ЕУ за довршување на делот од пругата од Ниш до Прешево и Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ кој присуствуваше на почетокот на изградбата на железничката обиколница околу Ниш, која е дел од проектот за модернизација и реконструкција на пругата Ниш – Димитровград, на трасата на железничкиот Коридор 10, кажа дека ЕУ донираше 80 милиони евра за изградба на пругата Ниш-Димитровград и 35 милиони евра за обиколницата околу Ниш во должина од 22,5 километри.
- Од Белград до Ниш со воз ќе се патува еден час и 40 минути, а од Будимпешта до Ниш само четири и пол часа, рече Вучиќ во Ниш.
Тој посочи дека кога Србија ќе има брза пруга од Белград до Ниш, ќе биде многу побрзо да се патува до Грција и Турција и нагласи дека ќе се разговара со ЕУ за довршување на делот од пругата и од Ниш до Прешево.
- Тогаш ни останува само со Северна Македонија да разговараме. После тоа, со неверојатни брзини ќе стигнеме до Солун и Атина, изјави Вучиќ.
Тој рече дека за него и за Владата на Србија, пругата Белград-Ниш е еден од најважните проекти.
- Со Европејците разговаравме за тоа со години. А потоа кога ни кажаа дека ќе ни дадат подарок од 600 милиони евра, тогаш реков одлично, ајде да работиме. Тоа ќе биде нова Србија, поинаква Србија, тоа е она за што сонуваме, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија кажа дека железничката обиколница ќе биде за брзини на возови до 160 километри на час и дека е дел од пругата Ниш-Димитровград и потсети дека во изградба е и делницата до Брестовац во должина од 23 километри.
- Останува да завршиме кон Лесковац и Врање, се оди кон тоа да ја изградиме комплетно пругата Ниш-Белград. Сега ја завршуваме Нови Сад-Суботица, целата оваа делница од 108 километри и кога ќе ја завршиме, а мислиме дека ќе завршиме за максимум три и пол до четири години, тогаш ќе имаме нешто што е неверојатно, нешто што не ни сонувавме дека е можно, рече тој.
Фото:МИАМожеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




