АКО НЕ СЕ ПОЈАВИ НОВА ВАРИЈАНТА, ЌЕ БИДЕ КРАЈ НА ПАНДЕМИЈАТА: СЗО со оценка, „никогаш не сме биле во подобра позиција за вакво нешто„
Објавено во: Свет 21 Септември, 2022 11:21
Регионалниот директор на Светската здравствена организација
(СЗО) за Европа, Ханс Клуге изјави дека доколку не се појави нова варијанта на
коронавирусот, пандемијата би можела наскоро да заврши.
Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, претходно овој месец изјави дека светот никогаш не бил во подобра ситуација да стави крај на пандемијата на Ковид-19.
„Никогаш не сме биле во подобра позиција да ставиме крај на епидемијата. Го гледаме крајот, но не сме таму“, изјави Гебрејесус.
Зборувајќи за телевизијата RUV, Клуге рече дека се согласува со изјавите на Гебрејесус.
„Доколку не се појави нова варијанта, епидемијата може да заврши наскоро. На ова треба да се надеваме“, изјави Клуге, пренесува N1.
Тој смета дека постојаното следење е важно и за брзо идентификување на новите варијанти.
Тој апелира до сите да добијат нова доза од вакцината против Ковид-19 пред зимата.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




