Ако нема коалиција со Ахмети, Груевски на нови избори сам против сите
Објавено во: Анализа 27 Јануари, 2017 09:45
ДУИ ќе достави крајни речиси невозможни услови за креирање на коалиција со ВМРО-ДПМНЕ откако членството на Ахмети му стави јасно да знаење дека ќе нема никакви поголеми компромиси за сеалбанската платформа, а исто така нема да се прифати и функционери во новата влада да бидат лица осомничени од СЈО. Тоа значи дека Груевски за нив не е прифатлив како премиер и тоа ќе значи дека друг член на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да биде предложен за претседател на владата.

Доколку Ахмети притиснат од своето членство кое се погласно бара да не се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, тогаш се претпоставува дека Груевски ќе притиска да се одржат нови избори. Тоа значи дека ќе бидат извршени сите можни маневри мандатот да не биде во рацете на Заев и СДСМ кои имаат 49 пратеници и се втора парламентарна сила со реални шанси да формираат влада доколку ги прифатат барањата од сеалбанската платформа.
За ВМРО-ДПМНЕ во овој момент главен проблем е и барањето за продолжување на мандатот на СЈО од кое ДУИ нема да отстапи за што тие се категорично против. Ако се закажат нови избори најверојатно е ВМРО-ДПМНЕ да оди повторно со барање од народот за 61 пратеник, но овој пат со многу пожестока кампања сами против сите, за што веќе ги презедоа првите чекори најави битка против Сорос како главен непријател кој создавал погрешна слика за Груевски, власта и државата, а потоа ќе тргнат и против албанскиот фактор кој сака да ја редефинира Македонија со двојазичноста.

Против СДСМ главната порака ќе биде дека се предавници на македонските интереси, дека ќе им ги исполнат сите националистички барања на албанците и со една нивна „патриотска“ кампања да освојат мнозинство кај македонските гласачи. Секако, ваквото конфронтирање и изолирање може да му донесе спас единствено на Груевски, а да ја „запали“ јавноста и да ја доведе политичката криза до нов опасен врв, овој пат со меѓумакедонски и меѓуетнички тензии. Секако, ова се само можни сценарија во овој момент бидејќи и натаму има молк од водечките политичари што понатаму.
Автор: Христијан Станоевиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





