Ако нема вонредна состојба, тогаш една недела LOCKDOWN: Ситуацијата е алармантна, предупредува епидемиологот Кон
Објавено во: Балкан 03 Март, 2021
Членот на српскиот
Кризен штаб,
епидемиологот Предраг Кон изјави дека моменталната состојба не може да се
игнорира и дека состојбата во Белград е катастрофална.
- Бројот на болни се зголемува, а самата вакцинација е загрозена. Капацитетот расте, повеќе од 4.000 луѓе се во болници. Имаме две работи за кои е потребна голема активност, едната е вакцинација, а другата е зголемена хоспитализација. Оние луѓе кои ќе се заразат не можат да се вакцинираат, а кога има масовна инфекција, вие ја запирате брзината на вакцинација, рече Кон.
Епидемиологот вели дека медицинскиот дел од Кризниот штаб стори сé што може и дека мерките што се на сила во овој момент се неприфатливи.
- Сакавме сè да биде затворено за викендот. Пред нас е сериозен период. Целосен LOCKDOWN со полициски час најбрзо би го решило проблемот, но сите знаеме дека тој не е адекватен,вели Кон.
Тој вели дека ќе имаме зголемување на бројот на заразени лица во следната недела, односно во наредните десет дена.
На прашањето што ќе побара Кризниот штаб на следната седница на Владата, Кон вели дека нема да се откаже од она што го побарале - минимум затворање во траење од седум дена, иако на сите им е јасно дека тоа треба да биде уште подолго.
- Доколку нема вонредна состојба, тогаш единствено што ни преостанува е да го скратиме работното време. Нашиот предлог нема алтернатива - целосно затворање на сите кафулиња и ресторани минимум седум дена.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.