Ако немате потреба не патувајте во Грција, коронавирусот забрзано се шири
Објавено во: Балкан 10 Март, 2020 09:12
Доколку обврските ви налагаат да патувате кон јужниот сосед а можете да ги пролонгирате тогаш не патувајте кон таа држава.
Од грчкото министерство за здравство потврдуваат пет нови регистрирани случаи позитивни на корона вирусот со што вкупниот број на заразени од КОВИД-19 е 89 лица.
Здравствените претставници на Грција информираа и дека во критична состојба е едно лице чија состојба деновиве се влошила а кое се наоѓа на интензивна нега во градот Патра.
Имено, во Грција се затворени над 80 училишта ширум целата земја, превентивно со цел да се спречи ширење на коронавирусот.
Листата со средни и основни училишта кои ставија клуч на врата постојано се менува, со оглед на тоа дека една образовна институција се затвора доколку се потврди дека постои позитивен случај на Ковид-19, поврзан со некој од учениците, јави дописничката на МИА од Атина.
Затворени се училишта во Атина, Солун, Лерин, на островите Лезбос и Евија, а паралелно, и понатаму се затворени сите училишта во регионите Илиас, Ахаиа и Закинтос, каде што од минатата седмица, во сила се вонредните владини превентивни мерки.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




