Ако одите во фризерски салон таму ве чека нов ценовник
Објавено во: Економија 07 Февруари, 2022 07:21
Откако се зголемија цените на струјата и репроматеријалите, фризерите во Македонија ги поскапеа услугите.
Димче Ивановски, претседател на Фризерската асоцијација на Македонија вели дека за 10 до 20 отсто скокнале цените на сите репроматеријали кои тие ги користат, почнувајќи од шампони, хидрогени, бои за коса и ред други работи. Ивановски објаснува дека сите фризерски салони во земјава веќе работат по нов ценовник.
„Во контакт сум со нашите членови и сите ги имаат поскапено услугите. Ако некој продолжи да работи по старите цени, свесно ќе биде во загуба. Знаеме дека струјата поскапе, така што мораше да се случи поскапувањето на услугите, и општо има поскапување на сите занаетчиски услуги во земјава. На фризер се оди од две причини, и тоа хигиенски, еднаш во месецот за да се скрати косата и декоративни, за фенирање, средување. Не верувам дека поради новите цени, луѓето ќе намалат со посети на фризер, затоа што се работи за навики. Тој што редовно оди на фризер, нема да се премисли поради повисоки цени“, вели Ивановски.
Фризерите објаснуваат дека поскапувањето беше неизбежно, и дека ценовниот шок кој ни се случи ги натера на ваков чекор.
„Ги качивме цените за 50 денари, а дали тоа ќе влијае да имаме ист или помал број на муштерии, допрва ќе видиме. Поскапе животот општо. Во маркетите цените се изгор, поскапе струјата, горивата, така што ако сакаме нормално да живееме, мораме и ние да ги зголемиме цените“, додава фризерка од Берово.
Она што ги обременува фризерите е и работата во недела, која пак повлекува исплаќање на повисока дневница. Доколку дојде до покачување на минималецот на 18.000 денари, цените на фризерските услуги уште еднаш ќе бидат коригирани. Во Македонија функционираат од 4.000 до 5.000 фризерски салони, од кои најголем дел се лоцирани во Скопје.
Сојузот на синдикати на Македонија бара зголемување на минималецот на 18.000 денари, но засега нема договор. Партиите пак се расправаат за тоа кој е против работниците и го кочи зголемувањето на минималната плата.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




