Ако патувате во Бугарија, тие воведуваат нови рестрикции
Објавено во: Балкан 20 Август, 2021
Доколку патувате во Бугарија, тие воведуваат нови рестрикции со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Од денеска сe во сила новите мерки. Се ограничува капацитетот на ресторани, спортски сали, настани, лични прослави и детски центри на 50 отсто. Објектите ќе користат 100 отсто од нивниот капацитет доколку персоналот и клиентите се имунизирани, прележале коронавирус или достават негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред да влезат во објектот. Раководителите на сите администрации мора да организираат работа на далечина за најмалку половина од персоналот и да постават флексибилно работно време и почеток на работниот ден помеѓу 7.30 и 10.00 часот. Во приватните компании, доколку е можно, тие исто така треба да обезбедат можност за работа од далечнина за 50 отсто од нивниот персонал. Во земјата има 1.371 нови случаи на коронавирус.
Во повеќето земји во Европа има враќање на дел од рестрикциите. Бројките на заболени растат.
Во соседството, Грција е во црвена фаза. Ова беше објавено на новата ковид мапа на ЕК.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.