Ако по пандемијата планирате работа во странство, еве каде во Европа има највисоки плати
Објавено во: Економија, Корона Вирус 31 Март, 2021 07:06
Доколку по завршување на пандемијата на коронавирусот планирате да одите на печалба, скандинавските земји имаат највисоки плати.
Иако македонските граѓани масовно заминуваа изминативе години во Германија, сепак оваа земја не е лидер по висината на платите во европското семејство. Евростат објави во која земја колку изнесува просечната плата, при што на врвот е Данска. Оваа земја има просечна плата од 4.057 евра, а зад неа е Луксембург со плата од 3.671 евра месечно, проследено со Шведска (3.135 евра), Белгија (3.092 евра), Ирска (3.021 евра), Финска (2.958 евра) и Германија (2.891 евра). Износот на платите е многу важен фактор за луѓето кои заминуваат на работа во странство.
„Данска и Шведска се земји со високи плати. Апсолутно платите се важен фактор, но луѓето ја гледаат и социјалната инфраструктура во таа држава. Бираат целосен пакет каде ќе заминат, затоа што во високо развиените земји грижата за граѓаните е на едно многу високо ниво“, изјави Донка Спасовска од агенцијата за посредување при вработување „Хоризонт“.
Македонците кои работат во Луксембург се презадоволни од она што земјата го нуди.
„Се сеќавам првиот месец на работа овде ми стигна плата колку за цела година во Македонија. Мојата сопруга е овде, и најдобро беше да останеме. Здравството и администрацијата се на врвно ниво. Не е се во платата, но по статистика Луксембург има висока плата во однос ЕУ и пошироко. Но, сепак за многу луѓе таа не е доволна за купување на куќи, станови поради високите цени, посебно за поединци што се дојдени на печалба“, вели Македонец кој живее во Луксембург.

Балканските земји кои се членки на ЕУ немаат високи плати. На дното во ЕУ е Бугарија со својата просечна месечна заработка од 442 евра. Романија има просек од 700 евра месечно, Унгарија следи со 801 евро и Литванија со 809 евра.
Сања Атанасовскаfoto freepik
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




