21 Март, 2025
0.1647

АКО ПОСТОИ АЛБАНЕЦ КОЈ СЕ РАДУВА НА ОВАА ТРАГЕДИЈА, ТОЈ НЕ Е АЛБАНЕЦ, ТОЈ НЕ Е ЧОВЕК: Уредникот на ТВ 21 тврди дека огнометот е провокација

Објавено во: Македонија 20 Март, 2025 07:56

Добивај вести на Viber

Уредникот на ТВ 21, Ерол Шакири, излезе со апел на неговиот фејсбук профил, откако во јавноста се проширија видеа од огномет преку кои веднаш се подгрева меѓуетничка тензија, со тврдења дека истиот го пукаат Албанци и дека има прослава во овие големи денови на жалост во земјава.

НЕ ПОТПАЃАЈТЕ НА ПРОВОКАЦИИ!

Огнометот е подметнат, не е забава, не е свадба, туку е ПОДМЕТНАТ, а целта е очигледна. Има јасна снимка на која се гледаат две лица како го поставуваат, го палат и веднаш со мотор го напуштаат местото. Драги сограѓани, како и што порачаа учениците од Тетово, „можеби зборуваме различен јазик, но плачеме исто“. Албанците на овие простори можеби најдобро знаат што е тоа неправда, што е тага, болка и во овие тешки моменти сме заедно, сме биле и ќе бидеме. Целиот мој живот се борам за меѓуетничка толеранција и соживот, не може оваа држава да опстои ако не сме заедно. Ифтарот во Кочани го започнав со вода, солзи, молитва за жртвите и семејствата и кутија цигари, низ цела држава, во сите верски објекти, во сите куќи мислите и молитвите се за кочанчани. Ако постои Албанец кој се радува на оваа трагедија, тој не е Албанец, тој не е човек, како што не е човек ниту пак е Македонец тој што за изгорените Албанци во другите трагедии велеше „ХХ Шиптари помалку“. Престанете со инсинуаци дека огнометот доаѓа од место каде живеат Албанци, „еве ги Албанците слават“. Албанците не слават, туку плачат, како и сите други во оваа земја. МВР мора под итно да ги пронајде овие лица, но што е поважно, да ги пронајде нарачателите, затоа што не мислам дека на „Петко и Станко“ или „Африм и Илир“ им текнало ајде огномет ке палиме. Колеги, во ова лудо време на социјални медиуми каде лажната вест се шири како канцер, каде имаме нација со најголем процент на медиумска неписменост, дајте ве молам да бидеме совесни, дајте да го зачуваме и тој малку кредибилитет што ни останал. Не верувам дека народот ќе падне на вакви провокации, но сепак мораме сите заедно да бидеме сигурни дека тоа ќе биде така. Ако не, тогаш другари, дајте, не да го исклучиме светлото, туку да го извадиме штекерот.“ напиша тој на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

ФРЧКОСКИ: Oдговорни за внесувањето и употребата на пиротехниката во дискотеката во Кочани се полицајците

ФРЧКОСКИ: Oдговорни за внесувањето и употребата на пиротехниката во дискотеката во Кочани се полицајците

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР СЕ ШИРИ КАЈ СТРУМИЦА: Глетката е страшна

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР СЕ ШИРИ КАЈ СТРУМИЦА: Глетката е страшна

НОВИНАРОТ ТРИФУНОВИЌ ЗА КОЧАНИ: До ова не смееше да дојде, a бројот на одговорни е многу поголем од оние кои само удриле печат

НОВИНАРОТ ТРИФУНОВИЌ ЗА КОЧАНИ: До ова не смееше да дојде, a бројот на одговорни е многу поголем од оние кои само удриле печат

МАРШ ВО ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ: Порачуваат „Доста бевме ние, системот е следен“

МАРШ ВО ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ: Порачуваат „Доста бевме ние, системот е следен“

ТОШКОВСКИ: Употребата на пиротехника ќе се уреди со нов закон, но поради итност ќе има измени на актуелниот од 1978 година

ТОШКОВСКИ: Употребата на пиротехника ќе се уреди со нов закон, но поради итност ќе има измени на актуелниот од 1978 година

ФРОНТМЕНОТ НА ДНК ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ – СООПШТИЈА ОД СИСТИНА: Хоспитализиран е на одделот за интензивно лекување

ФРОНТМЕНОТ НА ДНК ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ – СООПШТИЈА ОД СИСТИНА: Хоспитализиран е на одделот за интензивно лекување

ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА - истражна постапка против 27 физички и три правни лица

ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА - истражна постапка против 27 физички и три правни лица

УШТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Д-р Мерџановски со детaли за прифаќањето на повредените од пожарот во Кочани

УШТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Д-р Мерџановски со детaли за прифаќањето на повредените од пожарот во Кочани

НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите

НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите