22 Март, 2025
0.0429

НОВИНАРОТ ТРИФУНОВИЌ ЗА КОЧАНИ: До ова не смееше да дојде, a бројот на одговорни е многу поголем од оние кои само удриле печат

Објавено во: Македонија 21 Март, 2025 18:43

Добивај вести на Viber

Балканските држави се опасни за живот, пишува босанскиот новинар Александар Трифуновиќ, во текст објавен во „Бука“, ден по трагедијата во Кочани. 

Вели дека сè можеш да завршиш – секоја контрола, секоја дозвола, секој сертификат.

„Ако не можеш сам, може некој за тебе. Ако не може за цваја (20 н.з.), може за 100, 200, 1.000 марки или евра. Толку отприлика вреди и нашиот живот – во автобус кој можеби нема да стигне на одредиштето, во сообраќајот каде некој купил возачка наместо да положи, во куќа под каменолом без дозвола, во клуб без пожарен излез, на мост чија стабилност никој не се сетил да ја провери со години, под натстрешница што може да падне во секој момент. Навидум обични ситуации додека не станат трагедии. Во Кочани 59 млади луѓе тргнаа на ноќна забава, а завршија во пламен. Македонија, држава на највеселите луѓе на Балканот, повторно е завиена во црно. Поминав неколку месеци од својот живот во оваа земја и искрено сочувствувам со нивната болка. Уште една балканска држава – шампион во корупција, како и сите во соседството. Сега апсат, приведуваат, бараат виновници – предоцна. До ова не смееше да дојде. Бројот на одговорни е многу поголем од оние кои само удриле печат на дозволата или затвориле очи на фактот дека не постои соодветна противпожарна заштита. Корупцијата е отсуство на каков било ред. Правилата му се препуштени на случајот и на илузијата дека несреќата нема да ни се случи баш нам, на некој наш. Навикнавме да нема систем, да не се почитуваат правилата – па ако поминеме без последици, добро е. Само што не е. Зашто, кој по ред е овој клуб што гори со деца внатре? Којзнае кој. И никој не може да тврди дека е последен. Во викендите клубовите и местата за излегување се преполни, луѓето се туркаат, не можеш да се движиш, едвај се влегува, а камоли да се излезе во случај на несреќа. Не постојат планови за евакуација, пожарни излези, ниту некој го почитува максималниот број на луѓе во објектите. И така со децении. Сè додека не дојде ред на некој од нас“, пишува новинарот. 

Заклучува дека  дотогаш, повеќето нема да преземат нешто за да се смени состојбата. И тоа е можеби најтрагично од сè.

foto reuters

Можеби ќе ве интересира

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

„НЕГОВИОТ ПОДВИГ ПОТСЕТУВА ДЕКА ХРАБРОСТА И ЧОВЕЧНОСТА ЖИВЕАТ ВО НАШИТЕ ЛУЃЕ“ - Мицкоски го посети семејството и сопругата на починатиот херој Иле

„НЕГОВИОТ ПОДВИГ ПОТСЕТУВА ДЕКА ХРАБРОСТА И ЧОВЕЧНОСТА ЖИВЕАТ ВО НАШИТЕ ЛУЃЕ“ - Мицкоски го посети семејството и сопругата на починатиот херој Иле

ШЕСТМИНА ПАЦИЕНТИ ВО СТРАНСТВО СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ДВАЈЦА ВО ЉУБЉАНА И ЧЕТВОРИЦА НА ВМА ВО БЕЛГРАД - Таравари со редовен брифинг за состојбата на повредените

ШЕСТМИНА ПАЦИЕНТИ ВО СТРАНСТВО СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ДВАЈЦА ВО ЉУБЉАНА И ЧЕТВОРИЦА НА ВМА ВО БЕЛГРАД - Таравари со редовен брифинг за состојбата на повредените

МУЦУНСКИ: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство

МУЦУНСКИ: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство