22 Март, 2025
0.0349

РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА ПО ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОЖА ТРАЕ ОД НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ ДО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ: Ова се најдобрите банки за кожа во Европа

Објавено во: Македонија 20 Март, 2025 10:08

Добивај вести на Viber

По неколку дена од трагедијата во импровизираната дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 59 лица, здравствената состојба на повредените пациенти, згрижени во македонските и странските болници е стабилна. Повеќе од 100 пациенти се на лекување во специјализирани центри во странство, додека останатите се под постојан надзор во државните и приватните болници во земјата.

Како што велат здравствените власти, по првата критична фаза која е веќе зад нив, третманот на пациентите влегува во следна фаза, која кај дел од повредените вклучува трансплантација на кожа. Некои пациенти веќе се подложени на овој сложен медицински зафат во странски клиники, додека здравствените власти во Македонија работат на набавка на кожни графтови од странски банки.

-Натамошните фази за пациентите со поголем степен на изгореници се висоспецифични и бараат специфично искуство и затоа се решиле да се праќаат пациенти во странство.На еден пациент во Солун веќе му е извршена трансплантација на кожа на рацете. Веќе сме во контакт со Фондација од Холандија која има банка на кожни графтови за да донесеме кожни графотви во Македонија за да почнеме да ја размислуваме реконструктивната фаза. Инаку, ние имаме околу стотина изгореници годишно на целата територија на Македонија во текот на една година, со тоа што тоа вклучува изгореници од пегла, од топла вода и од сите можни причини. Изгореници од пожар се најтешката категорија затоа што покрај оштетување на кожата вклучува и респираторни оштетувања. Од овие стотина случаи што ги имаме годишно, во последните четири години сме имале 28 случаи од кои шест со висок степен на изгореници, значи зборуваме за втор и трет степен на изгореници. Комплицирани случаи на изгореници со кожен графт сме имале вкупно 11 случаи и полесни изгореници со кожен графт трансплантација 11 случаи. Вкупно 28 случаи во четири години, изјави рече Клековски.

Истовремено, директорот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, д-р Синиша Стојаноски соопшти дека неколку тимови на странски лекари кои доаѓаат од центри кои се строго специјализирани за пациенти кои имаат најголем процент и највисок степен на изгореници, како доктори од Воено-медицинската академија ВМА Белград, од болницата „Шеба“ во Израел и од Чешка, веќе работат во „8-ми Септември“ на санирање на повредите на оние пациенти кои не се критични и кои веќе имаат потреба од дебридман и подготовка за следната фаза, реконструктивна хирургија.

 „Тоа се операции што подразбира отстранување на она изумрено ткиво, оштетено ткиво од изгорениците и давање простор тие повреди, тие рани да почнат да зацелуваат. Овие неколку денови не само што се следеше потенцијалното влошување на состојбата, туку мораше паралелно да се санираат и повредите“, изјави д-р Стојаноски.

Банки за кожа во Европа:

Бидејќи Македонија нема сопствена банка за кожа, во итни случаи, кава што е трагедијата во Кочани, земјата се потпира на меѓународна соработка за да обезбеди кожни графтови и специјализиран третман за пациентите.

Оваа стратегија на меѓународна соработка и испраќање пациенти во странски специјализирани центри е клучна за обезбедување на соодветен третман во случаи на масовни несреќи со сериозни изгореници. Во Европа постојат неколку реномирани банки за кожа кои обезбедуваат кожни графтови за медицински потреби, меѓу кои најпознати се:

Евротрансплант (Eurotransplant): Оваа организација координира трансплантации на органи и ткива, вклучувајќи кожа, во осум европски земји: Германија, Холандија, Белгија, Луксембург, Австрија, Унгарија, Словенија и Хрватска.​

Банка за ткива на Каталонија (Banc de Sang i Teixits) – Шпанија: Сместена во Барселона, оваа банка е одговорна за собирање, обработка и дистрибуција на ткива, вклучувајќи кожни графтови, во Каталонија и пошироко.​

Банка за ткива на Холандија (Nederlandse Transplantatie Stichting): Оваа организација управува со донации и трансплантации на ткива, вклучувајќи и кожа.

Тие управуваат со процесот на собирање, обработка и складирање на донаторска кожа, која потоа се користи за третман на пациенти со сериозни изгореници. Во случаи на масовни несреќи или кога локалните резерви се недоволни, тие можат да соработуваат со меѓународни организации за да обезбедат дополнителни кожни графтови.​

Кожните графтови се делови од здрава кожа кои се пресадуваат на оштетени или изгорени површини на телото за да се поттикне заздравувањето и да се врати функцијата и естетиката на кожата. Оваа процедура е клучна во третманот на пациенти со сериозни изгореници или други повреди на кожата.

Процедура и време на интервенција: По сериозни изгореници, првичниот третман вклучува стабилизација на пациентот и спречување на инфекции. Кожните графтови обично се применуваат во рок од неколку дена до една недела по повредата, во зависност од состојбата на пациентот и достапноста на графтови. Раното покривање на изгорениците со графтови помага во спречување на инфекции и го забрзува заздравувањето.​

Времетраење на лекување и опоравување: Процесот на заздравување по трансплантација на кожа може да трае од неколку недели до неколку месеци, во зависност од големината и длабочината на изгорениците, како и од општата здравствена состојба на пациентот. Рехабилитацијата може да вклучува физикална терапија за враќање на функцијата и флексибилноста на зафатените области, како и психолошка поддршка за справување со траумата и промените во изгледот.​

Анита Буховски

фото: EPA-EFE/Peter Lakatos 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Причина за смртта на младите во Кочани е гушење со јаглерод моноксид

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Причина за смртта на младите во Кочани е гушење со јаглерод моноксид

(ВИДЕО) ЦУК: Пожарот во Струмица е ставен под контрола

(ВИДЕО) ЦУК: Пожарот во Струмица е ставен под контрола

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР СЕ ШИРИ КАЈ СТРУМИЦА: Глетката е страшна

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР СЕ ШИРИ КАЈ СТРУМИЦА: Глетката е страшна

НОВИНАРОТ ТРИФУНОВИЌ ЗА КОЧАНИ: До ова не смееше да дојде, a бројот на одговорни е многу поголем од оние кои само удриле печат

НОВИНАРОТ ТРИФУНОВИЌ ЗА КОЧАНИ: До ова не смееше да дојде, a бројот на одговорни е многу поголем од оние кои само удриле печат

ТОШКОВСКИ: Употребата на пиротехника ќе се уреди со нов закон, но поради итност ќе има измени на актуелниот од 1978 година

ТОШКОВСКИ: Употребата на пиротехника ќе се уреди со нов закон, но поради итност ќе има измени на актуелниот од 1978 година

ФРОНТМЕНОТ НА ДНК ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ – СООПШТИЈА ОД СИСТИНА: Хоспитализиран е на одделот за интензивно лекување

ФРОНТМЕНОТ НА ДНК ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ – СООПШТИЈА ОД СИСТИНА: Хоспитализиран е на одделот за интензивно лекување

ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА - истражна постапка против 27 физички и три правни лица

ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА - истражна постапка против 27 физички и три правни лица

УШТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Д-р Мерџановски со детaли за прифаќањето на повредените од пожарот во Кочани

УШТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Д-р Мерџановски со детaли за прифаќањето на повредените од пожарот во Кочани

НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите

НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите