НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите
Објавено во: Македонија 21 Март, 2025 14:43
Кај сите жртви во
дискотеката во Кочани е констатирана насилна смрт од задушување што е
предизвикано директно од пожарот,
соопштија денеска деканот на Медицинскиот факултет во Скопје и раководителот на
Институтот за судска медицина, Александар Станков. Тие соопштија дека по трагичниот настан
во Кочани за многу кусо време биле извршени 59-те обдукции на телата и
идентификациите на починатите. Како што истакнаа на прес-конференција, за ова
биле формирани 6 тимови во кои, освен експерти од Судска медицина, имало и
патолози. Вклучени биле и тимови од МВР.
Во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите.
Облеката и се што е најдено кај починатите е на Институтот за судска медицина, но се во надлежност на Обвинителството и тоа ќе одлучи што ќе се случува со нив зашто може да бидат земени понатаму во некоја судска постапка.
Според Станков, веднаш по добивањето на информациите за несреќата, за еден час, сите вработени во Институтот пристигнале на своите работни места и бил направен план за соодветно дејствување. Се вршеле обдукции на по 15 лица, кои потоа му биле предавани на погребалното претпријатие.
-Целта беше брзо и квалитетно завршување на обдукциите кои почнаа вечерта, на 16 март, а завршија претпладнето на 18 март, како и точна, прецизна идентификација, истакна Станков.
И тој и деканот на факултетот изразија сочувство до семејствата и посакаа побрзо закрепнување на повредените кои се хоспитализирани.
фото: МИАМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




