Ако скокаш…скокај со златен падобран!
Објавено во: Анализа 20 Јули, 2013 09:06
За жал во нашата земја не постојат премногу јавни податоци за тоа колкави се платите на директорите на големите компании. Дури и да постојат тие отворено не се дискутираат. Во таа работа сме различни со САД. Сепак на страната на работниците ситуацијата е слична. Кога работникот ќе се пензионира се што може да очекува е пригоден поклон и доколку има среќа добра пензија, со која ќе го преживее остатокот од животот.
Интересно во изминативе неколку декади дупката помеѓу платите на просечните работници во САД и директорите драстично се зголемува. Според некои анализи, причина е токму јавното обелоденување на нивните плати. Целата идеја била да се постигне токму спротивниот ефект. Се очекувало кога платите ќе бидат објавени директорите да се запрашаат дали е во ред да се креираат толкави нееднаквости и дека ќе имаат усул за тоа колку треба да земаат. Напротив, резултатот бил сосема различен....Кога колегите директори си прочитале колку земаат другите, секој гледал да си ја зголеми платата, затоа што имало некој друг кој земал повеќе од него. И така до бескрај и така до денеска до кога овој тренд продолжува. Психолозите имаат едноставно објаснување за ова однесување. На голем број испитаници им е покажана слика од круг и прашани се како од око им делува неговата големина. Потоа истиот тој круг е ставен во соодност со друг друг и поставено е истото прашање. Резултатите дале одговор на нашата горна дилема...Испитаниците истиот тој круг кога бил спореден со поголем од него го вреднувале те сметале дека е значително голем. Па така доколку купите мала Хонда, а во вашето мало се возеле Застави, веројатно сте биле задоволни. Но кога ќе се најдете на некое место каде што има паркирани многу нови Мерцедеси, вашата Хонда ќе изгледа како Застава. Епа на овој начин и со помош на управните одбори директорите на компаниите во САД заработуваат како да се најголеми планетарни ѕвезди. И тоа не само на платите туку и на таканаречените златни падобрани. Кога во 2012 Џејмс Мулва, го напушти местото директор на Коноко Филипс, нафтениот гигант, бизнис светот ја откри неговата компензација. Вкупен бонус од запрепастувачки 156 милиони долари. За тоа колку големи пакети земаат директорите ќе го дадеме и следниот пример. Поранешниот директор на Ситигруп, замина со пакет од 26,6 милиони долари и не се најде на листата од десет директори со најголеми оштети по заминувањето. М.Д.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





