16 Декември, 2025
0.1014

Ако Владата не се предомисли, ќе пропадне зимската туристичка сезона во Македонија

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2020 15:00

Добивај вести на Viber

Ски-центрите низ Македонија сметаат дека е апсурно да нема скијање и зимски туризам во текот на престојната сезона, кога истовремено ризикот за заболување од Ковид-19, велат од таму е минимален. Владата на една од последните седници донесе одлука со која забрани функционирање на ски центрите. Во одлуката овој пат е потврдено дека “се затвораат за посетители – гости зимските скијачки центри”

Од „Ресорт Маврово“,  долгогодишен лидер во зимскиот туризам во земјава, кој истовремено управува со скијачкиот терен, хотелите и со другите содржини на падините на Бистра, тврдат дека ако одлуката на Владата е финална, тоа практично ќе значи целосно пропадната сезона.

„За жал, ако одлуката на Влада е финална, тоа би значело дека оваа година нема да има скијачка сезона и нема да работат жичарниците, рестораните, хотелите. Владата, прв пат, ја донесе оваа одлука во март годинава.  Како Ресорт Маврово искрено се надеваме и посакуваме Владата да донесе нова одлука со конкретни протоколи и препораки за  да го овозможи работењето на сите ски центри во земјава.

Ваквата надеж ја темелиме на фактот што најлесно се почитуваат сите мерки за заштита од Ковид 19 токму на скијалиштата. Затоа што сите скијачи се со ракавици, маски, заштитни капи – кациги. Токму скиите не им дозволуваат скијачите да скијат блиску еден до друг. Освен ова, како Ресорт Маврово преземаме дополнителни мерки за заштита. Уште повеќе ја зајакнавме заштитата и во другите делови на ски центарот. Имено, за да ја намалиме гужвата пред билетарниците, во продажба ќе пуштиме карти со дополнување (refill карти), така што скијачите нема да чекаат во ред пред билетарниците, туку само ќе ги надополнат своите карти за скијање“, велат од таму.

Од ресортот велат дека ако бидат затворени сите капацитети, тогаш воопшто нема да има туристи во овој центар, а „гости“ ќе бидат само оние кои имаат викендици во околината.

„Доколку нема скијање, тогаш повторуваме, нема да има ниту туризам во Маврово. Гости, всушност, ќе бидат само домаќините кои имаат свои викенд куќи во овој регион или некој што сака да дише чист воздух. Во ски сезоната 2018-2019 година, Центарот имаше околу 60.000 посетители. Оваа сезона, поради прекините со пандемијата, бројката е околу 45.000 посетители. Овие луѓе, ретко, доаѓаат на еден ден. За да престојуваат во Маврово потребно е да работат хотелските капацитети, рестораните каде ќе јадат, да ги користат услугите на ски инструкторите и да изнајмуваат ски опрема.

Доколку е забрането да работат ски центрите, тоа всушност значи и забрана да се извршуваат сите други дејности поврзани со скијањето. Ова ќе биде сериозен удар за скијањето, за Маврово, за туристите и за земјата. Се надеваме дека Владата ќе донесе конкретни протоколи и ќе дозволи бизнисот да функционира и во состојба на пандемија“, објаснуваат од „Ресорт Маврово“. 

Николче Каровски, одговорното лице на Елем Турс, претпријатието кое стопанисува со ски-центарот Попова Шапка, верува дека Владата ќе најде сили да ги донесе потребните протоколи пред почетокот на сезоната, односно до средината на декември.

- Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот веќе го отвори ова прашање, а директорот Љупчо Јаневски притиска да се оствари средба со Комисијата за заштита од заразни болести. Очекуваме Министерството за здравство да делегира членови од коморите и ски-друштвата за да се најде решение. Станува збор за активност која е безбедна и практично без контакти. Тука е многу полесно да се изготват протоколи, отколку на пример кај рестораните. Единствено можеби ќе треба да нема собирање во чајџилниците и бачилата, смета Каровски.

Покрај Маврово и Шапка, во Македонија активни беа и зимските ски-центри Копанки и Пониква, се до избивањето на корона-кризата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија

Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија

Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст

Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“

Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“

СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило

СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило

Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години

Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти