19 Декември, 2025
0.0625

Акциите на“Алкалоид“,“Комерцијална банка“ и “Стопанска банка Битола“-најaтрактивни за тргување на Македонска берза

Објавено во: Економија 08 Април, 2013 15:10

Добивај вести на Viber

Најмногу тргувани во месецот што е зад нас беа акциите на  “Алкалоид“, “Комерцијална банка“ и “Стопанска банка Битола“, покажува месечниот статистички билтен на Македонска берза. Според овие податоци, акциите на фармацевтскиот гигант учествуваат со над 29 отсто во вкупниот промет на Берзата, при што се направени вкупно 141 трансакција. Со 25,19 отсто од вкупниот промет на Берзата, кој во март забележа пад од над 15 отсто, учествуваат акциите на “Комерцијална банка“, каде се реализирани 106 трансакции. На третата позиција, според најтргувани акции на официјалниот пазар, се најде “Стопанска банка Битола“, чие учество во вкупниот промет на берзата е нешто под осум отсто, а биле направени вкупно 58 трансакции. Акциите кои во март забележаа најголем пораст се “Хотели Метропол“ со раст од 29,17 отсто, потоа следат акциите на Винарската визба “Тиквеш“ со скок од 26,67 отсто. Со пораст од 26,19 отсто се најдоа акциите на “ЕМО“ од Охрид. Најголем пад на вредноста на акците во март забележа “Топлификација“ со -22,64 отсто, потоа следат акциите на “Бетон“ кои се “лизнаа“ за 20,84 отсто, а на трето место се акциите на “Комерцијална банка“ со пад од 10,54 отсто. Во месец март вкупниот промет на Македонска берза е 176.851.969 денари, што е пад од 15,06 отсто, а во истиот период се реализирани вкупно 1.285 трансакции. На официјалниот пазар реализиран е промет во висина од 116.904.999 денари или вкупно 829 трансакции, додека на редовниот пазар вкупниот промет изнесува 55.959.970 денари, а преку блок трансакции реализиран е промет од нешто над 3,9 милиони денари. На Берзата, домашните “играчи“ (домашни физички и правни лица), во продажбата на акции учествувале со 88,17, а во продавање со 86,99 отсто, додека странските физички и правни лица во купувањето на акции на Берзата учествувале со 11,83 отсто, додека со продавањето со 13,01 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра