„Ал Шабаб“ и објави војна на Кенија
Објавено во: Свет 04 Април, 2015 12:05
„Потгответе се за долга и гадна војна“ - оваа заканата ја упатија сомалиските терористи од групата „Ал Шабаб“ кон кенискиот народ, само неколку дена по крвавиот настан во студентските домови на оваа африканската држава.
Во нападот загинаа речиси 150 луѓе.
Локалните медиуми соопштиле дека тајните служби имале информации дека се подготвува напад врз училиште или универзитет, но не презеле никакви мерки.
Во моментот на нападот во градот Гариса, студентскиот дом бил обезбедуван од едвај две лица. Така што универзитетот и учениците станале лесен плен за четворицата напаѓачи.
Властите уапсија две лица, за кои се смета дека учествувале во масакрот. Во меѓувреме, „Ал Шабаб“ испратиле е-маил со кој се заканиле дека подготвуваат нов напад.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




