16 Декември, 2025
0.0373

„Ал Шабаб“ ја презеде одговорноста за нападот на универзитет во Кенија

Објавено во: Свет 02 Април, 2015 13:15

Добивај вести на Viber

Во Кенија повеќе студенти се земени како заложници во универзитетскиот комплекс во градот Гариса, Источна Кенија. Рано утринава околу 30 маскирани напаѓачи упаднале во кампусот. Во моментот се знае за 15 загинати. Не се соопштува точниот број на оние кои се внатре, но во комплексот живеат стотици млади луѓе.

Според информација на кенискиот Црвен крст меѓу 27 и 50 студенти успеале да избегаат. Очевидците тврдат дека напаѓачите отвориле неселективно пукање со што се зголемува веројатноста бројот на жртвите да биде поголем. Двајца од загинатите биле чувари на комплексот.

kenija1

Започната е операцијата за ослободување на заложниците. Полициски и воени единици го опколиле кампусот, се собрала и голема толпа од роднини и пријатели на учениците, кои инсистираат да разберат што се случува. Некои од нив се обиделе и да влезат во комплексот, но биле запрени.

Повеќето продавници во Гариса се затворени и луѓето се заклучиле во своите домови во очекување на расплетот.

Сомалиската исламистичка група „Ал Шабаб“, која е дел од „Ал Каеда“, ја презеде одговорноста за нападот.

Внатре во кампусот учениците биле поделени на муслимани и немуслимани. Ослободени се 15 од муслиманите.

По последна информации еден од терористите е уапсен при обид за бегство.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете