Македонските возови останаа и без патници и без стока!
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2012 08:25
Иако железницата треба да претставува најевтин и најбрз начин преку кој компаниите ќе ги превезуваат стоките, само 8% од вкупниот транспорт на стока во земјава се врши со железницата. Тоа е така затоа што нефункционалните и застарени пруги им нанесуваат огромни штети на компаниите, бидејќи нивните производи не стигнуваат на време до клиентите. Ова го потврдува и државната статистика која објави дека во 2008 година извозниците превезле 518.292 тони стока, а лани обемот на превезена стока бил речиси преполовен изнесувајќи 283.734 тони. Најмногу е намален обемот на железнички транспорт на земјоделски производи и нафта, а во речиси незначителен обем се превезувале прехранбени производи, транспортни средства и мебел.
ТАБЕЛА: Превезени патници и стока со Железница
Многу ветено, малку реализирано!
Изградба на пругата кон Бугарија и кон Албанија, модернизација на дел железничкиот Коридор 10 - сето ова го има во владината програма, но повеќе од шест години овие проекти останаа на хартија. Дури пред два месеци, Владата се осмели и позајми пари од Европската банка за обнова и развој за обнова на дел од пругите. Во најавениот инвестициски циклус од 14 милиони евра планирана е модернизација и ремонт на железничката делница од Коридорот 10.
Притоа, МЖ Транспорт позајми 50 милиони евра, кредит од Европската банка за обнова и развој за набавка на шест патнички воза и нови 150 вагони, но тендерската постапка за набавка на истите се уште трае, па за нови возила ќе почекаме следната година. Освен МЖ Транспорт, речиси иста сума од ЕБОР позајми и МЖ Инфраструктура за надградба на 30 километарската делница, дел од Коридорот 8 кој треба железнички да ја поврзе Македонија со Албанија на запад и со Бугарија на исток. Но, како што пишува и во Манифестот на Владата, овие крупни и стратешки проекти ќе бидат завршени дури во 2020 година, а до тогаш компаниите ќе продолжат да плаќаат бавен а скап железнички транспорт.
Соња Јованова Наумовска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





