05 Декември, 2025
0.2506

АЛАРМ: На Скопје му недостигаат 158 пожарникари!

Објавено во: Македонија 04 Април, 2014 11:55

Добивај вести на Viber

На главниот град му фалат 158 пожарникари за да можесоодветно да се покрие целата територија на Скопје, предупредува Бригадата за противпожарна заштита на Скопје во редовниот годишен извештај за 2013 година, кој ќе го претстави пред Советот на Град Скопје во вторник. Во моментов територијата на Скопје ја покриваат 227 пожарникари, а нивниот број треба да се зголеми за 70%. Законот предвидува на 1.500 граѓани да има еден пожарникар. Со оглед на тоа што според последниот попис во Скопје живеат 570 илјади граѓани, противпожарната единица треба да брои 385 пожарникари, појаснуваат од Бригадата за противпожарна заштита. Ситуацијата станува уште поалармантна доколку се знае дека податоците од последниот попис се веќе застарени и оти бројот на население во главниот град е веројатно уште поголем. „Иако е направен исчекор со вработување на 25 нови пожарникари, сепак поради константниот природен одлив на вработени, помалиот број на вработени претставува проблем. Друг проблем е и подобрувањето на просечната старост на пожарникарите, која сега изнесува 44 години“, пишува во извештајот. Освен ова, противпожарната единица која секојдневно врши интервенции низ Скопје располага со 50 противпожарни возила, со просечна старост од 23 години и за кои веќе е тешко да се наоѓаат резервни делови. Во 2013 година во Скопје се случиле 1.079 пожари, при што била предизвикана материјална штета од 670 илјади евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија