02 Декември, 2024
0.0280

Алармантни податоци: Афлатоксин пронајден и во млеката на Мегле, Имлек, и Нишка млекарa

Објавено во: Агробизнис 19 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

По извршените контроли од страна на српските и босанските власти, зголемена концентрација на афлатоксини се утврдени и во млеката на Мегле, Имлек, Нишка млекара и Сомболед и Шабачка млекара. Според информациите од Управата за инспекциски надзор на Босна и Херцеговина по извршените лабараториски анализи зголемено присуство на афлатоксин е утврдено во кај трајното млеко на Виндија со 0,9% масленост од 1 литар со рок на траење до 17.06 2013 година и кај трајното Аплско омега 3 млеко на Љубљанска млекара со 1,6% масленост со рок на траење до 30.03 2013 година. Како што пренесува босанскиот портал Депо, инспекторите им наложиле на трговците да ги повлечат наведените производи од продажба. Во исто време по ваквите алармантни податоци, како што пренесуваат босанските медиуми, во текот на вчерашниот ден Агенцијата за ветеринарство на Босна и Херцеговина при контролата на увоз на границите, ветеринарните инсепктори земале мостри од млеко од кои според лабараториската анализа утврдено е зголемено присуство на токсини, кои се над дозволената утврдена граница. Токсичното млеко, според првичните информации е по потекло од Словенија, Унгарија, Германија и Србија. За ова се известени увозниците на млеко, а во текот на денешниот ден ќе бидат објавени производителите и земјите на потекло на млекото. Ова млеко не е пуштено во промет. Од друга страна, додека српските власти информираа дека млекото во Србија е бебедно и од извршените контроли не е пронајдено зголемено присуство на токсини, секретарот за земјоделство на Војводина, Горан Јешиќ на својот Твитер профил напиша дека резултатите од првата анализа на млеко во Војводина покажуваат дека дури 29 примероци од 35 кои биле испитувани имаат зголемено ниво на афлактоксин од дозволеното. Според листата објавена на неговиот профил афлатоксин имало и во  млекото на Мегле, Нишка млекара, Сомбор, Сомболед, Шабачка млекара, Суботичка млекара и уште неколку помали млекарници. Според првичните податоци, во сите нив концентрацијата на овие канцерогени состојки била двојно повеќе од дозволените 0,05 микрограми на килограм. Обично отстапувања имало кај свежо, пастеризирано млеко. Највисока концентрација на афлатоксин М1 од 0,1 микрограми на килограм се наоѓаат во свежото млеко од еден литар, пастеризирано и хомогенизирана млеко со 2,8 отсто маленост на Нишката млекара. „Ги добив резултатите од првичните анализи на млекото. Мојата обврска е до вторник кога ќе стигнат останатите анализи да бидам кооперативен. Конечниот мој став ќе го соопштам до среда“ напиша Јешиќ на Твитер. Во Македонија, според податоците Агенцијата за храна и ветеринарство досега потврдија зголемено присуство на афлатоксинот М1 во млекото „Лагано јутро” на хрватскиот производител „Дукат” но најавија зголемени контроли на домашниот пазар, а во наредниот период ќе се воведе задолжително испитување на афлатоксини при увоз на млеко и производи од млеко. „Беа анализирани мостри од 360 литри трајно млеко од овој бренд, кои се наоѓаат под надзор во магацините на увозникот, односно кои не се пуштени во промет. Овие количини, со наредба на Агенцијата ќе бидат уништени и ниту едно литро од ова млеко нема да заврши на македонскиот пазар“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски. Во прилог линкот од анализите во Војводина: https://docs.google.com/spreadsheet/lv?key=0AnSzMi_gcYcgdEtVZGpoWGxSWGxlclo1VXgzb3Vtb1E&toomany=true    

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.