26 Јуни, 2024
0.0302

АЛАРМАНТНО!!! ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО ПРЕД ПРОПАСТ - Спас за Гевгелија бара поништување на одлуката за отворање рудник за злато и бакар

Објавено во: Македонија 09 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Од граѓанското здружение - иницијатива „Спас за Гевгелија“ со пост на својот Фејсбук профил денеска алармираат дека му се заканува опасност на Дојранското езеро. 

Тие објавија дека е доделена концесија за истражување на злато и бакар во близина на Дојран, што, според нив, ќе предизвика уништување на Дојранското езеро, но и иселување на илјадници жители од околината. 
Владата на Македонија на својата 132 седница одржана на 28.02.2023 година донела одлука за доделување на Концесија за детални геолошки истражувања за злато и бакар на локалитетот Башибос-Бајрамбос во општина Дојран, на компанијата СУРСКОР дооел Скопје. Оснивач на оваа компанија е компанијата ПРГ од Малта, која покрај Македонија има регистрирано уште една компанија која има намера да се бави со рударство во Руанда, Африка.

Локалитетот Башибос-Бајрамбос е одалечен само 3700 метри од Дојранско езеро. Отварање на рудник за бакар и злато на овој локалитет значи комплетно уништување на Дојранското езеро, иселување на илјадници жители од општина Дојран, уништување на викенд куќи на најмалку 10.000 граѓани, односно претварње во пустина на едно од најголемите природни богатства на Македонија - се наведува во нивната објава.

Тие посочуваат дека оваа одлука представува флагрантно и безобразно кршење на Македонскиот Устав и закони.

- Граѓаните на општина Дојран, на РЕФЕРЕНДУМОТ одржан на 23ти Јули 2017 година се изјаснија дека во општина Дојран неможе да се отвараат рудници за металични минерални суровини. Оваа е највиоката форма на граѓанско одлучување и оваа одлука неможе никој да ја проемни или оспори, освен граѓаните на повторен рефрендум.

Согласно македонските закони оваа одлука е донесена со:

Позитивно мислење од градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов

и постапка спроведена и одобрена од:

Потпретседателот на Влада, Фатмир Бетиќи

Министерот за економија, Крешник Бектеши

Министерот за животна средина, Насер Нуредини

Сите овие функционери треба да одговараат за тешки повреди на службената положба, а доколку обвинителството обезбеди докази и за можно сторено дело на злосторничко здружување заради нанесување штета на човековата околина и здравјето и животот на граѓаните, односно геноцид врз сопствениот народ - се наведува во објавата на „Спас за Гегвгелија“.

Тие потоа прашуваат „Дали оваа одлука на Владата е доказ дека политичарите во Македонија се најголемиот непријател и најголемата опасност за опстанокот на Македонија и на Македонскиот народ?“

- Граѓаните од југоситокот нема да дозволат за нивната судбина да одлучуваат политичари кои ниту живеат, ниту се родени во овој регион.

Граѓаните на југоистокот на македонските политичари им порачуваат:

Веднаш стопирајте го оваа надлудничаво играње со судбината на народот и поништете ја незаконската одлука за доделување на концесија на СУРСКОР. Во спротивно ќе има бунт.

СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ!!! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!! - се потенцира во нивната објава.


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра