29 Септември, 2024
0.0300

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Самка Ибраимовски за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ откако на својот фејсбук профил упатил сериозни закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд.

Од МВР денеска информираа дека целосно го расчистиле случајот пријавен до Секторот за компјутерски криминал на 24.06.2024 од страна на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, кој пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа.

- Веднаш по добиената пријава, МВР презеде соодветни мерки и беше извршен службен разговор со С.И. во СВР Тетово. Денеска (26.06.2024) Секторот за компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против С.И. (69) за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ чл.144 ст.5 предвиденo и казнивo според Кривичниот законик. Пријавениот С.И. на својот фејсбук профил упатил сериозни закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд, информираат од МВР. 

Вчера претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимоски одржа прес-конференција на која се осврна на постапувањето на Уставниот суд кој пред неколку дена поведе нова постапка за член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациските односи.

Според него главниот проблем и прашање кое јавноста треба да го постави е како е можно еднаш Уставниот суд да отфрли иницијатива за преиспитување на законитоста и уставноста на измените на Законот за облигациски односи, а потоа истата своја одлука со иста иницијатива повторно да ја преиспитува.

- Најголемата лакрдија во оваа игра на Уставниот суд е тоа што при првото отфрлање на иницијативата беше детално образложено и појаснето зошто истата се отфрла, односно беше наведено дека законот се однесува за постапки кои се во тек и не се завршени и со вакво законско решение не се врши дискриминација ниту се кршат уставните начела. Тоа го потврди и Венецијанската комисија. Сега повторно на исти околности, Уставниот суд ја преиспитува сопствената одлука - укажа Ибраимоски, посочувајќи дека не упатил закани против никого и посочи дека со овие постапки се замајува јавноста. 

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“