05 Декември, 2025
0.0281

АЛАРМАНТНО: Се намалува бројот на говеда, овци, свињи, крави…

Објавено во: Агробизнис 13 Мај, 2016 08:19

Добивај вести на Viber

Се намалува бројот на добиток, млеко, месо и јајца. Според податоците од Публикацијата за сточарство изработена од Државниот завод за статистика, освен во пчеларството во сите други гранки во сточарството, од 2011 до 2015 година статистиката регистрира намалување. Па така бројот на говедата од 265 илјади во 2011 година, лани се намалил на 253 илајди говеда. Намалување има и во бројот на кравите и стелни јуници, кој од 164 илјади пред пет години, лани е намален на околу 157 илјади грла. Бројот на живината лани изнесувал 1,7 милиони броја, додека во 2011 година имало скоро два милиони броја.Пад е забележан и кај бројот на овците, козите, коњите. Зголемување има на пчелните семејства.  Во број                                  Број на добиток
Говеда / Cattle Свињи / Pigs Овци / Sheep Коњи Живина Пчелни семејства
вкупно крави и стелни јуници вкупно маторици и спрасни назимки вкупно овци за приплод
 
2011  265 299  164 537  196 570  24 180  766 631  545 214  25 415 1 944 260  65 277
2012  251 240  161 012  176 920  23 534  732 338  520 767  21 676 1 776 297  52 897
2013  238 333  154 487  167 492  23 581  731 828  530 760  20 682 2 201 550  68 294
2014  241 607  155 432  165 053  20 989  740 457  531 160  19 371 1 939 879  73 869
2015  253 442  156 699  195 443  18 696  733 510  580 840  18 784 1 761 145  73 960
Статистичките податоци покажуваат дека освен бројот на добитокот, во последните пет години се намалува и производството на дел од сточарските производи. Така производството на кравјо млеко во 2011 година изнесувало 376 милиони литри, а лани се произвело 361 милиони литри млеко. Производството на јајца пред пет години било скоро 300 милјарди јајца, а во 2015 година изнесувало 203 милјарди јајца. Драстичен пад е забележан кај производството на мед, и покрај тоа што има зголемување на бројот на пчелни семејства. Така во 2011 година се произвеле 1.100 тони мед, а лани 688 тони мед. Зголемување е регистрирано кај производството на овчо млеко. Производство на млеко, волна, јајца и мед
Кравјо млеко Овчо млеко Волна Јајца Мед
Cow's milk Sheep's milk Wool Eggs Honey
вкупно, во илјади литри литри, по молзна крава вкупно, во илјади литри литри, по молзна овца1) вкупно, во тони2) кг, по овца3) вкупно, во милиони броја по ко- кошка, броја вкупно, во тони кг, по кош- ница
2011  376 290  2 866  25 381   51   975   2   296   193  1 105   17
2012  349 769  2 928  38 616   79   897   2   237   166   603   11
2013  380 735  3 009  34 270   70   841 2   216   174   784   12
2014  387 009  3 053  35 661   74   829 2   248   173   723   10
2015  361 072  2 828  40 748   77   955 2   203   150   688   9
  Кај месото, се намалува производство на говедско и овчо месо, додека кај производството на свинско и пилешко месо е регистриран благ пораст. Производство на месо и сурови маснотии
во тони in tonnes
Месо / Meat Сурови маснотии / Raw fats
говедско свинско овчо живинско вкупно свински говедски
beef pork mutton poultry total pork beef
2011  5 301  8 340  6 370  1 621  4 199  3 961   238
2012  4 981  10 598  5 600  1 945  5 257  5 033   224
2013 5 485 8 845 4 725 1 801  4 447  4 201   246
2014  5 522  9 886  4 727  2 011  4 943  4 695   248
2015 4 875 10 826 3 980 1 729  3 740  3 600   140
  Зошто се намалува бројот на добитокот и производството? Причините за намалување на бројот на дел од добитокот и производството, сточарите ги лоцираат во наталожените проблеми во оваа гранка почнувајќи од ниските откупни цени и нередовната исплата на субвенциите. Дополнително сточарите како серозен удар врз оваа гранка го посочуваат и пропаѓањето на Шведската млекарница, поради која многу сточари останаа заглавени со кредити и до ден денеска, а голем број од кравите завршија во кланица или на добиточен пазар. „Сточарството во земјава одамна има проблеми. Имаме проблем со ниската откупна цена на млекото , немаме загарантиран откуп на млекото. Сега откупната цена е околу 20 денари за литар, но некои млекарници откупуваат и по 16 до 17 денари за литар млеко, што е нерентабилна цена.Не можеме ниту основните трошоци да ги покриеме, неисплатливо ни е производството, од тие причини дел од сточарите ги продаваат кравите или ги носат во кланица. А од друга страна во малопродажбата цената на млекото не се намалува, туку напротив расте. Пред еден месец земавме субвенции за грло добиток, за млеко за 2015 година сеуште чекаме, и за обработлива површина сеуште не сме земале. Се е исправно, комплетна документација имаме .Се јавивме во Платежната агенција ни кажаа дека во процедура било. Нас субвенциите ни се потребни навреме да ни ги даваат, тогаш кога ни се најпотребни, кога почнуваме ново производство“, вели Ѓорѓи Гоцевски, од штипско. Дел од агроекспертите велат дека нема соодветен сооднос меѓу поддршката за сточарството и растителното производство. „Има сериозни грешки во распределбата на средствата затоа и нема соодветени резултати. Сточарството е неоправдано помалку поддржано отколку што заслужува. Развојот на земјоделството се гледа преку развој на сточарството. Тоа е гранка преку која се остваруваат финалните производи од растителното производство, а нема соодвтена поддршка. Сточарството мора да добие поголема поддршка затоа што сточарството е финализатор на растителното производство.Преку сточарството продавате месо млеко сирење и така натаму, финални производи .Додека од растителното производството, бидејќи не ни е развиена преработувачката индустрија и таа споро се развива , иако и државата ја помагаше, тука имаме ниска преработка, ниска финализација.Сето тоа се одразува на несоодветни резултати во земјоделството, отколку што има услови и можности Македонија за подобри резултати, вели агроекономистот Борис Анакиев. Изминативе пет години во земјоделството или поточно во сточасртвото се инјектираа милиони евра, што требаше да придонесе за зголемување на производството и добитокот. Според истражувањето на базата на проектот за истражувачко новинарство „Призма“, во периодот од 2010 до 2014 година за сточарството се исплатиле 150 милиони евра, а најмногу за поддршка на овчарството. Дел од агроекономистите сметаат дека милионските субвенции имаат повеќе социјален отколку развоен карактер. „Најчество постои комплементарност или взаемна поврзаност меѓу полјоделството и сточарството и ако има намалување на добиточниот фонд соодветно на тоа можно е да има намалување и на полјоделските култури. Очигледно дека субвенциите имаат повеќе имаат социјален ефект, за купување социјален мир затоа што целта на субвенциите е да се подобри конкурентноста, но тоа не се постигнува кај нас. Една од целите е да може да станат независни земјоделците и да се зајакнат и тоа не се постигнува. Потоа друга цел е да се намали цената во малопродажба и ние потрошувачите да почуствуваме пониска цена кога купуваме и тоа не е постигнато.Очигледно поголем е ефектот на социјалната отколку на економската страна.Можеби има зголемување по единица површина по едно грло,но површините се намалуваат а се намалува и бројот на добитокот. Не може да се развива се и сешто, мора да се издвои и да се направи анализа што е носечко во земјоделството“, вели универзитетскиот професор Јован Аждерски. Колку болеста „јазлеста кожа“ ќе го намали бројот на говедата? Болестите што се појавуваат изминативе години во земјава дополнително влијаат врз намалување на добиточниот фонд. Годинава од болеста „јазлеста кожа“ се погодени кравите, лани пак од болеста „син јазик“ најмногу беа погодени овците. Минатата година  од болеста „син јазик“ угинаа над 7.000 добиток, а најмногу овци. Според проценките на Агенцијата за храна и ветеринарство од чворестата болест се очекува да заболат околу 3.000 говеда. „Секоја болест што се појавува кај добитокот е лоша за сточниот фонд и влијае врз намалување. Затоа ние укажуваме навреме да се превземаат соодветни мерки, за да нема големо усмртување на добитокот. Секое угинување па и на една крава е погубно за добиточниот фонд, вели Ефтим Шаклев, од Асоцијацијата на земјоделци. Сточарите бараат итна вакцинација на говедата против болеста „јазлеста кожа“. А вакцините според најавите од Агенцијата ќе стигнат до крајот на месецов. Во меѓувреме болеста забрзано се шири, најмногу во источниот регион од земјава. И додека се чекаат вакцините, сточарите бројат штети во намален добиток и производство. Т.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?