Албафоне за македонските Албанци?!
Објавено во: Економија 01 Јули, 2013 15:22
Во Македонија за еден месец ќе се појави нов мобилен оператор кој ќе биде насочен кон Албанците во Македонија, Албафоне.
Од менаџментот на компанијата велат за почеток во оптек ќе пуштат 50 илјади броеви со префикс 073. Примaрна таргет група ќе им бидат Албанците. „Албанските корисници ќе ги третираме онака како што заслужуваат, рамноправно, со почит и на мајчиниот јазик“, изјави денеска Ардиан Хоџа, извршниот директор на Албафоне.
Роберт Орданоски од Агенцијата за електронски комуникации на Македонија објасни дека Албафоне е мала, но сериозна фирма која ќе ја зголеми конкуренцијата на пазарот, а веќе потпишала и договор со АЕК.
АЕК неодамна потпиша и договор со Косовскиот регулатор за решавање на проблемот со мешање на сигналот со косовските мобилни оператори и македонските. Според Ордановски договорот е во фаза на реализација што значи дека мобилните оператори базните антени треба да си ги завртат кон своите држави за во иднина да нема мешање на сигналите, а со тоа и повисоки сметки од роамниг.
Инаку, моментално во Македонија 49 проценти од корисниците на мобилна телефонија припаѓаат на Т-мобиле, 28 отсто се корисници на ВИП, а останатите 23 проценти од граѓаните ги користат услугите на ОНЕ.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години




