Албанците протестираа во Лондон по навредата дека „пристигнуваат со чамци“
Објавено во: Свет 12 Ноември, 2022 13:05
Албанската заедница во Англија денес започна протест на мостот Вестминстер, во близина на парламентот.
Секретарката за внатрешни работи Суела Браверман како пример во парламентот на Велика Британија ги спомена само Албанците „кои пристигнуваат со гумени чамци“, а не и останатите 11 националности од околу 40.000 луѓе кои годинава пристигнале на англискиот брег.
Декларацијата на Бреверман за „инвазија“ на Албанците потоа беше засилена од медиумите во Англија, кои имаат уредувачка политика против имигрантите.
Пораката што Албанците во Англија сакаат да ја пренесат на овој протест на мостот Вестминстер е дека тие не се криминалци, туку даночни обврзници и придонесувачи во британското општество.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев




