Албанија ги заострува мерките, за викендот земјата ќе биде целосно затворена
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 25 Февруари, 2021
За викенд соседна Албанија ќе оди во карантин. Поради ширењето на коронавирусот западниот сосед ги заострува мерките.
Албанскиот здравствен одбор на експерти најверојатно ќе воведе нови, построги мерки. Во земјата расте бројот на хоспитализирани пациенти заболени од коронавирусот. Се најавува продолжување на полицискиот час од 18 часот до 06 часот наутро, како и забрана за работа на баровите и кафулињата во тој период, освен оние кои извршуваат достава, пренесува порталот Албанија дејли њуз. За време на викендот земјата ќе биде целосно затворена, односно дека ќе биде забрането било какво движење. Во Албанија последните денови има повеќе од 1.000 новозаразени на ден. Од почетокот на годината имаше над 700 заразени деца.
foto Albania daily news
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.