Албанија или Црна Гора: Марта Кос кажа која земја прва ќе влезе во ЕУ
Објавено во: Балкан 01 Септември, 2025 20:55
Европската комесарка за проширување Марта Кос, на денешниот панел за проширување на ЕУ на Бледскиот стратешки форум, денеска изјави дека Црна Гора до 2028 година би можела да стане прва следна членка на Европската Унија(EУ).
„За мене процесот на проширување денес е некој вид на обединување на Европа, какво што сме немале во историјата“, изјави Кос.
Вели дека проширувањето на ЕУ не е само зголемување на површината на територијата или бројот на жители, туку заштита од надворешни влијанија.
„Со Црна Гора напредуваме и можно е, ако во 2026 година го завршиме техничкиот дел од преговорите во 2028 година Црна Гора да стане 28 членка на Европска Унија“, посочи Кос додавајќи оти Албанија би можела да стане членка на ЕУ во 2029 година.
Додека премиерот на Словенија, Роберт Голоб ги повика земјите од Западен Балкан да го искористат „отворениот прозорец“ за влез во Унијата. Додаде дека прозорецот е отворен со војната во Украина.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





