Албанија направи рекорден скок на посета од странци
Објавено во: Економија 26 Септември, 2023 11:39
Албанија оваа туристичка сезона достигна рекордни бројки. Според ИНСТАТ, пристигнувањата на странски државјани за првите 8 месеци од годинава достигнале речиси 7,2 милиони посетители (7.190.410), со зголемување од 26,9 отсто во однос на истиот период од претходната година.
Само во август, кој е шпиц на туристичката сезона, во земјава влегле околу 2 милиони странски државјани или 18,3 проценти повеќе од август минатата година.
Во текот на август 2023 година, каде имаше голем прилив на туристи во крајбрежните области на Албанија, најголем број туристи имало од Европа со 1.951.489 граѓани. По Европа следуваат Америка и Источна Азија/Пацифик со 40.106 и 12.335 граѓани соодветно.
Граѓаните од Косово и понатаму претставуваат најголем дел од пристигнувањата во Албанија, со околу една третина. Годинава, за прв пат, Италијанците се најдоа на второ место со околу 10 отсто, а потоа следат другите земји од регионот.
Од друга страна, во текот на овие осум месеци, излезот на Албанците во странство е зголемен за 18,9 отсто. Во овој период државата ја напуштиле 4.577.753 Албанци.
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




