Албанската амбасада во САД пред банкрот
Објавено во: Балкан 18 Март, 2013 20:34
Албанската амбасада во САД е банкротирана според изјавите на амбасадорот, Гилберт Галанџи кој предизвика дипломатски скандал, откако медиумите го објавија негово писмо во кое тој се жали дека е оставен без пари. Во писмото испратено до албанското Министерство за надворешни работи и до премиерот Сали Бериша, Галанџи тврди дека дипломатско претставништво е практично банкротирано.
„Откако го рзагледав Буџетот за 2013 година, можам со сигурност да кажам дека тој е нереален и неостварлив. Амбасадата во Вашингтон, која е една од најважните за албанската држава, е оставена без возач, технички персонал и чистачи“, пишува Галанџи во писмото кое го пренесоа албанските медиуми.
Тој се жали дека по покривање на фиксните трошоци, му остануваат само 12 долари со кои треба да ги придружува претставниците на албанскиот државен врв при нивните посети на САД, како и да отпатува до Доминиканската Република каде треба да ги предаде своите акредитивни писма.Но албанските медиуми откриваат и дека додека Амбасадата пропаѓа, Албанија има договор со две влијателни лоби организации во САД, „Патон Богс“ и „Подеста“, кои работат за промовирање на албанските интереси во Вашингтон. За овие договори, Албанија троши околу 1,5 милиони долари, неколку пати повеќе од трошоците за одржување на Амбасадата, пишуваат медиумите.
Притоа, двете лоби групи помагаат при организирање на средби на албански политичари со американски претставници и пласираат информации и интервјуа поволни за Албанија во американскиот печат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





