Aлбанските семејства се помалку се надеваат на парите од своите во странство
Објавено во: Балкан 09 Февруари, 2013 10:24
Економската криза што ги погоди Грција и Италија зададе тежок удар врз заработувачката на илјадниците албански емигранти во овие две земји, при што голем дел од нив останаа без работа.
Тоа се одрази и врз парите кои емигрантите ги испраќаат на нивните најблиски во Албанија, а кои во последните години континуирано опаѓаат. Официјалните податоци потврдуваат дека лани емигрантите испратиле 600 милиони евра.
- Во 2007 година средствата на емигрантите достигнаа 937 милиони евра, а лани паднаа на околу 600 милиони. Тоа значи дека тие се намалиле за една третина. Податоците од пописот на населението говорат дека во периодот 2010/2011 година, само од Грција во Албанија се вратиле околу 17.000 емигранти. Имајќи ја предвид кризата во Грција оваа бројка на повратници е мала, бидејќи емигрантите преферираат да останат во земјата каде што емигиррале, се додека не добијат поволни услови во нивните родни места, вели Илир Гедеши експерт од албанскиот Центар за економски и социјални струдии.
Тој нагласува дека иако добар дел од семејствата на емигрантите остале без ниту еден вработен член, сепак не се решаваат да се вратат во Албанија, бидејќи не гледаат никаква можност да најдат работа во родниот крај.
Експертите предупредуваат дека поради последиците од кризата кои ќе се чувствуваат подолг период, албанската Влада треба да почне со мониторинг и преземање конкретни мерки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





