19 Декември, 2025
0.1543

Алергиски реакции, сврбеж и осип се нормални, Европската агенција нема да дозволи вакцина со големи несакани ефекти, тврди хрватски научник

Објавено во: Балкан 10 Декември, 2020 14:04

Добивај вести на Viber

Хрватскиот научник и член на владиниот Научен совет, Драган Приморац, вели дека алергиските реакции, осипот на кожата, сврбежот, како и краткиот здив, се многу чести појави при давањето вакцина.

Еден ден откако започна вакцинацијата во Велика Британија, почнаа и првите несакани ефекти. Луѓето со тешка алергија не треба да примаат вакцина, затоа што двајца здравствени работници имале алергиски реакции. Извештаи за нус појави доаѓаат и од САД. Четворица учесници во клинички испитувања доживеале реакција во форма на делумна и привремена парализа на лицето.

„Постојат две клучни работи. Екстремно силна алергиска реакција се појави кај луѓе кои имаат историја на болест, на која реагирале премногу бурно и развиле специфична реакција. Тие имале покрај себе адреналин затоа што знаеја што им треба. Во спротивно тоа може да биде реакција опасна по живот“, рече Приморац, кој е педијатар субспецијалист по медицинска генетика и експерт од областа на форензичка генетика. 

При госпувањето во емисија на РТЛ, тој додаде дека што се однесува до случаите во САД, парезата обично завршува во рок од три месеци без никакви проблеми. Тој истакна дека е важно да се евидентира сето ова.

„Кога го толкуваат тоа, велат дека е статистички нормално тоа што се случува кај населението. ЕУ има голема предност затоа што сме набљудувачи на она што се случува во Велика Британија и САД. Тоа е огромна предност“ рече овој експерт. 

Според него, нема шанси Европската агенција да дозволи вакцината да се администрира во ЕУ доколку се појават несакани ефекти со неочекуван интензитет.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен